Ајде да видиме

Преселбите се најчесто сезонски патувања на голема далечина. Животните што се селат одат во краишта каде што има доволно храна, вода и сѐ што им е потребно за живот. Кога условите ќе се променат, животните одат понатаму, барајќи подобра средина, а особено подобри места за парење.
Кај повеќето животни што се селат, патувањата се повторуваат секоја година, во исто време и обично по истите патишта. Стадата карибу (северноамерикански ирваси) ги напуштаат своите живеалишта во густите четинарски шуми и секоја година заминуваат 1.500 километри на север, за да се прехранат со штотуку никнати растенија. Со доаѓањето на есента, стадата карибу се враќаат во шумите.

(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)