Трамп не сака „мало“ примирје туку „сеопфатен договор“ со Техеран, истакна Џеј Ди Венс

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека примирјето меѓу САД и Иран засега се почитува, но нагласи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не се стреми кон краткорочно решение, туку кон сеопфатен договор со Техеран. - Во моментов примирјето се почитува - изјави Венс, додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендов во Пакистан донеле „значителен напредок“, иако не е...

Маѓар разговарал со Урсула фон дер Лајен, деблокирањето на европските фондови приоритет за Унгарија

Петер Маѓар, лидерот на партијата „Тиса“ што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија. Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија...

„Си-ен-ен“: Македонија е „скриен бисер“ што туристите сè повеќе го откриваат

Македонија се најде на листата на дестинации што заслужуваат многу поголемо внимание од туристите, според „Си-ен-ен“, кој ја опиша земјата како „скриен бисер“ во Јужна Европа. Во рубриката за патувања, медиумот посочува дека, иако најголемиот дел од туристите традиционално се насочуваат кон Франција, Шпанија и Италија, Европа крие и помалку откриени, но исклучително вредни дестинации – меѓу кои се издвојува...

Американска војска го контролира сообраќајот кон иранските пристаништа

Повеќе од 10.000 американски војници, морнари, копнени сили и пилоти, учествуваат во операција за блокада на поморскиот сообраќај кон иранските пристаништа во Персиски Залив и Омански Залив, соопшти Централна команда на САД. Во операцијата се вклучени десетина воени бродови и десетици авиони, а според американската војска, во првите 24 часа ниту еден брод не ја прекршил блокадата. Шест трговски бродови,...

Министерството за правда најави нови чекори, ќе се активира случајот Груевски

Министерство за правда на Македонија соопшти дека утре ќе достави барање до надлежните судови и обвинителства за прибирање на сите списи поврзани со предметите против поранешниот премиер Никола Груевски. По добивањето на целосната документација, институцијата ќе постапи согласно важечките законски прописи. Од Министерството потсетуваат дека барањето за екстрадиција на Груевски било поднесено во 2018 година и дополнето во 2019 година,...

Државната пазарна анализа покажа умерени ценовни движења на пазарот

Министерство за економија и труд на Македонија, во соработка со Државен пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува минимални ценовни промени во периодот од 1 февруари до 1 април годинава. Според анализата, направена согласно заклучок од 162-та седница на Владата, во наведениот период е регистриран пораст на продажните цени од...

ФОТО: Македонија им оддаде почит на жртвите од Холокаустот

Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаа Јом Хашоа, комеморативниот ден посветен на жртвите од Холокаустот и сеќавањето на востанието во варшавското гето во 1943 година. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, истакна дека денот претставува симбол на сеќавање на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот, како и на 7.144 македонски...

Притвор за двајцата осомничени за брутално грабнување и закани со оружје

Pritvor
Основниот суд во Кавадарци им определи по 30 дена притвор на двајцата осомничени од селото Корешница, кои се товарат за кривично дело грабнување, потврдија од судот. Одлуката ја донел дежурен судија по претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство Кавадарци. Претходно, обвинителството отвори истражна постапка против двајцата осомничени, по основано сомнение дека на 12 април заедно грабнале лице од...

Украина најави поправка на нафтоводот и очекува деблокада на унгарскиот заем

Zelenski Merc
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оштетениот нафтовод „Дружба“ ќе биде делумно повторно ставен во функција до крајот на април, при што нагласи дека е постигнат компромис, но не и целосна санација. На заедничката прес-конференција во Берлин со германскиот канцелар Фридрих Мерц, Зеленски истакна дека Украина се обврзала на итна поправка за да се овозможи проток на нафта, но дека...

Доколку Груевски се врати во државата ќе оди во затвор, изјави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека доколку поранешниот премиер Никола Груевски се појави во државата, веднаш ќе биде спроведен на издржување затворска казна согласно правосилната судска пресуда, пренесе МИА. Мицкоски нагласи дека институциите ќе постапат без одложување, бидејќи постои јасна и правосилна одлука со која Груевски е осуден на затворска казна. Според него, секое лице има право да ги користи правните...