Фото: Пиксабеј

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека успешно е завршена потрагата по малолетната Дуња Нечиќ од Нови Сад, чие исчезнување беше пријавено на 29 април, пренесе МИА.

Според него, благодарение на брзата реакција на полицијата, навремените информации од граѓаните и добрата координација, девојчето било пронајдено во вечерните часови во воз на релација БелградПетроварадин.

-Особено е важно што и таа и малолетникот кој бил со неа се пронајдени во добра општа состојба – изјави Дачиќ.

Во соопштението се наведува дека системот за итно известување Пронајди ме, кој бил активиран истиот ден, повторно ја потврдил својата ефикасност.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на безбедноста на децата и граѓаните, при што Дачиќ упати благодарност до сите припадници на полицијата и до граѓаните кои помогнале во успешно завршување на потрагата.