Peskov
Фото: ЕПА

Цените на нафтата би можеле дополнително да пораснат доколку продолжат украинските напади врз руската енергетска инфраструктура, предупреди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Неговата изјава доаѓа во време на зачестени напади, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вооружените сили погодиле два танкери од т.н. „флота во сенка“ во близина на Новоросијск на Црното Море.

-Доколку дополнителни количини од нашата нафта бидат отстранети од пазарот, цените ќе пораснат уште повеќе од сегашните нивоа, кои веќе надминуваат 120 долари за барел – изјави Песков.

Тој додаде дека во такво сценарио, и покрај намалениот извоз, руските компании би можеле да остваруваат поголеми приходи, а државата да инкасира повеќе средства.

Во меѓувреме, цените на енергенсите значително пораснаа на глобалните пазари по ескалацијата на конфликтите, вклучително и нападите што ги започнаа САД и Израел врз Иран на 28 февруари.