Фото: Пиксабеј

Автор: проф. д-р Анета П. Кокалеска, дерматовенеролог

Стареењето на кожата е комплексен, мултифакторски процес кој се карактеризира со појава на брчки, намалена еластичност и цврстина, губење на волуменот, дехидратација, нерамномерен тен и намалена способност за регенерација.

Изложеноста на УВ-зрачење, загадување, оксидативен стрес и други надворешни фактори дополнително придонесува за предвремено стареење.

Современата дермокозметичка anti-age нега се заснова на комбинација од активни состојки насочени кон различни механизми поврзани со видливите знаци на стареење.

Зошто да изберете медицинска наместо обична anti-age козметика?

– Фокус на активни состојки со научна поткрепа.
– Формулации насочени кон конкретни проблеми на кожата.
– Можност за избор според возраста, типот и состојбата на кожата.
– Често се достапни во аптеки и специјализирани дерматолошки центри.

Клучни активни состојки и нивното дејство

– Ретинил палмитат (дериват на витамин А): придонесува за подобрување на изгледот на фините линии и брчките и за помазна текстура на кожата.
– Хијалуронска киселина: обезбедува хидратација, ја подобрува исполнетоста на кожата и придонесува за намалување на видливоста на дехидратациските линии.
– Проколагенски пептиди: се дел од технологијата насочена кон подобрување на изгледот и густината на зрелата кожа.
– Витамини Ц и Е: обезбедуваат антиоксидативна поддршка на кожата и придонесуваат за подобрување на нејзиниот сјај.
– Шеа-путер и липидни комплекси: ја негуваат кожата, ја подобруваат нејзината мекост и помагаат во одржувањето на чувството на удобност.
– Термална вода: со своите смирувачки и омекнувачки својства придонесува за чувството на удобност на кожата.

Anti-age – корекција на првите и видливите знаци на стареење

Првите линии, фините брчки и губењето на природниот сјај се знаци дека на кожата ѝ е потребна посебна нега.

Современите anti-age формулации со деривати на витамин А и хијалуронска киселина помагаат во намалувањето на видливите знаци на стареење и во враќањето на свежиот и негуван изглед на кожата.

– Намалена видливост на фините линии и брчките.
– Подобрена мазност и текстура на кожата.
– Интензивна хидратација и подобра еластичност.
– Посвеж, посјаен и поодморен изглед.
– Поддршка на природните процеси на обновување на кожата.

Затоа што убавата кожа започнува со правилна нега!

Redensifying anti-age – нега за зрелата кожа

Со текот на годините, кожата природно ги губи својата густина, цврстина и еластичност, а брчките стануваат повидливи. Токму затоа зрелата кожа има потреба од поинтензивна и насочена нега.

Напредните формулации со пептиди, хијалуронска киселина, витамини и липидни компоненти помагаат во подобрувањето на изгледот и квалитетот на зрелата кожа.

– Подобрен изглед на густината и цврстината.
– Намалена видливост на брчките.
– Подобрена исполнетост и еластичност.
– Интензивна хидратација и нега.
– Помазна, помека и посјајна кожа.
– Вратен изглед на свежина и виталност.

Подарете ѝ на зрелата кожа нега што ја заслужува!

Вашата кожа заслужува повеќе од обична нега!

Современата дерматолошка козметика нуди дермокозметички решенија за различните потреби и фази на стареење на кожата и овозможува индивидуализиран избор на нега според возраста, типот на кожата и доминантните естетски промени.

Современата anti-age формулација комбинира активни состојки што дејствуваат синергистички за подобрување на изгледот и квалитетот на кожата.

Бидејќи убавата кожа не е прашање на возраст, туку на правилна нега!