Фото: Пиксабеј

Седумнаесетгодишен ученик утрово е приведен во техничко училиште во Крагуевац, Србија, откако во училишниот ходник пукал со малокалибарска пушка и повредил две лица, соопшти српската полиција.

Според полициското соопштение, едно лице најверојатно е повредено од огнено оружје, додека другото се здобило со повреди од стакло. Во инцидентот нема повредени ученици.

Српскиот министер за образование, Дејан Вук Станковиќ, изрази сочувство до повредените и информираше дека е формиран кризен штаб.