Фото: Твитер/илустрација

Повеќе од 10.000 американски војници, морнари, копнени сили и пилоти, учествуваат во операција за блокада на поморскиот сообраќај кон иранските пристаништа во Персиски Залив и Омански Залив, соопшти Централна команда на САД.

Во операцијата се вклучени десетина воени бродови и десетици авиони, а според американската војска, во првите 24 часа ниту еден брод не ја прекршил блокадата. Шест трговски бродови, како што наведуваат, ги почитувале упатствата и се вратиле назад кон иранските пристаништа.

Според информациите  на меѓународната компанија  „Кплер“, која се занимава со податоци и анализа за енергетските пазари, особено за нафта, гас и поморски транспорт, најмалку два ирански брода успеале да поминат низ Ормуска Теснина и покрај блокадата.

Од Централна команда на САД нагласуваат дека мерките се применуваат подеднакво за сите бродови, без оглед на нивната националност, кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни зони.

Операцијата опфаќа контрола на целиот поморски сообраќај поврзан со иранските пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив, што претставува значаен безбедносен потег во регионот.