Приведени тројца од Скопје и Куманово и одземени им се возилата поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол
Три лица биле лишени од слобода во текот на денешниот ден, а нивните возила биле одземени поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
- Денеска во 17.30 часот на автопатот Куманово - ГП „Табановце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода...
НАТО планира воена мисија Арктичка стража
Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража.
- Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел.
Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража.
Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот...
Зајакнување на институционалната соработка: Потпишан меморандум со ОАЕ за модернизација на Владата
Меморандум за разбирање е потпишан меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизација на Владата, при денешната билатерална средба во Дубаи на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед...
Македонски државјанин уапсен на ГП „Блато“ по обид за бегство со автомобил и загрозување на полицајци
На граничнот премин „Блато“ на македонско - албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците.
„Вчера околу 17.20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за...
Франција во шок, десет лица обвинети за тешко злосторство врз дете
Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството - соопшти Обвинителството во Лил.
Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот од ноември 2024 до...
Убиецот на Шинзо Абе ќе се жали на пресудата доживотен затвор
Тецуџи Јамагами, човекот кој во 2022 година го уби поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, ќе се жали на доживотната казна што минатиот месец му ја изрече Окружен суд во западна Јапонија - соопштија денеска извори запознаени со случајот.
Пресудата на 45-годишниот Јамагами, изречена на 21 јануари од Окружниот суд на Нара, го отфрли аргументот на одбраната дека неговото воспитување, предизвикано...
Владината програма за 2026 е патоказ за реформите и европската иднина на земјава, истакна Митева
Владата на денешната седница ја усвои програмата за работа за 2026 година, која претставува стратешки, сеопфатен и реформски документ од над 400 страници и јасно ги дефинира приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период, информира на прес-конференција портпаролката Марија Митева.
Програмата, појасни, е структурирана по области коишто ги опфаќаат надлежностите на законодавната, но и на извршната...
Советот на јавни обвинители ќе одлучува меѓу пет кандидати за државен јавен обвинител, информира Митева
Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и согласно законските одредби ќе ги достави до Советот на јавни обвинители, информира денеска на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева.
Одговарајќи на новинарско прашање, Митева појасни дека Собранието ја информирало Владата за завршување на огласот за Јавен обвинител.
- Собранието ја информираше Владата за завршуавње на огласот...
ССМ најавува блокади од 10 февруари како притисок за минимална плата
Сојузот на синдикати на Македонија преминува кон втората фаза од активностите за зголемување на платите. Блокадите почнуваат од 10 февруари со блокирање во македонското Собрание, а продолжуваат на 12 февруари со блокади пред Стопанската комора. Блокадата пред Владата е најавена за 17 февруари.
- Вчера истече рокот којшто илјадници работници им го дадоа на пратениците во Собранието да направат брзи...
„Онкологија 2“: Финансиски неправилности во ФЗО, одбраната бара укинување на притворот за обвинетите
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) морал да ги покрие финансиските обврски на Клиниката за радиотерапија и онкологија иако тие биле создадени преку набавка на лекови на реверс, без претходно спроведени постапки и без фактури, беше посочено на денешното рочиште во Основниот кривичен суд - Скопје за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор на Онкологија, Нино...







































