Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан...
САД соопшти дека и вратиле на Венецуела 500 милиони долари од првичната продажба на нафта
Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ ги вратиле на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта, што беше дел од договорот постигнат меѓу Вашингтон и Каракас минатиот месец, изјави вчера американски функционер под услов да остане анонимен.
Последните 200 милиони долари се префрлени на Венецуела, со што е завршен трансферот на средства.
Функционерот рече дека Венецуела официјално...
Судир на чамец и патролен брод на крајбрежната служба на Грција, загинаа 14 мигранти
Безживотните тела на 14 мигранти биле извлечени од морето во близина на грчкиот остров Хиос по судар на чамец со мигранти и патролен брод на крајбрежната служба на Грција, додека пак повредени се 24 спасени мигранти и двајца припадници на крајбрежната служба, а во тек е акција за спасување за евентуално исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентот...
Убиен синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам Гадафи
Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, почина, објави неговото семејство синоќа без да даде дополнителни детали.
Во исто време, неговиот политички кабинет соопшти дека Саиф ал-Ислам Гадафи е убиен.
- Саиф ал-Ислам е убиен во предавнички и кукавички чин, во кој четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан - соопшти...
Трамп потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со нив се става крај на блокада на владата
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што започна во саботата, објави синоќа Ен-би-си.
Претставничкиот дом на САД претходно гласаше на двопартиско гласање за одобрување на пакетот за финансирање на владата, со 217 гласови „за“ и 214 „против“.
Предложениот пакет би обезбедил финансирање за федералната влада...
Приведени тројца од Скопје и Куманово и одземени им се возилата поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол
Три лица биле лишени од слобода во текот на денешниот ден, а нивните возила биле одземени поради возење без положен возачки испит и под дејство на алкохол, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
- Денеска во 17.30 часот на автопатот Куманово - ГП „Табановце“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода...
НАТО планира воена мисија Арктичка стража
Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража.
- Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел.
Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража.
Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот...
Зајакнување на институционалната соработка: Потпишан меморандум со ОАЕ за модернизација на Владата
Меморандум за разбирање е потпишан меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизација на Владата, при денешната билатерална средба во Дубаи на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед...
Македонски државјанин уапсен на ГП „Блато“ по обид за бегство со автомобил и загрозување на полицајци
На граничнот премин „Блато“ на македонско - албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на полицајците.
„Вчера околу 17.20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за...
Франција во шок, десет лица обвинети за тешко злосторство врз дете
Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството - соопшти Обвинителството во Лил.
Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот од ноември 2024 до...







































