Новиот закон за правична застапеност ќе биде на собраниска седница, стручноста пред сè, изјави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека турската заедница ја има неговата целосна поддршка и ги охрабри нејзините припадници да се пријавуваат на конкурси за работа во јавната администрација, нагласувајќи дека со новиот Закон за правична застапеност како прв критериум ќе се вреднуваат стручноста и компетентноста. Тој ова го истакна одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поврзано со застапеноста...

Дурмиши најави драстично зголемување на казните за трговците што не го почитуваат Законот

Казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговските практики ќе бидат зголемени десеткратно доколку трговците продолжат со непочитување на законските одредби. Врз основа на постојната регулатива, Комисијата за заштита на конкуренцијата досега изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување, а за нивните постапки во моментов се очекуваат судски одлуки, изјави денеска министерот за економија и труд...

Претставничкиот дом повика седум лица, меѓу нив и Бил Гејтс, да сведочат за случајот Епстин

Одборот за надзор и владини реформи на американскиот Претставнички дом повика седум лица да сведочат во рамки на истрагата за врските со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, меѓу кои и коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Претседателот на Одборот, Џејмс Комер, изјави дека постои уверување оти повиканите лица располагаат со информации релевантни за истрагата, која опфаќа наводно несоодветно водење на...

Светски ден за борба против дебелината: УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата

 На Светскиот ден за борба против дебелината, УНИЦЕФ повикува на акција за подобрување на условите за исхрана во училиштата во Македонија, бидејќи прекумерната тежина и дебелината кај децата и натаму се зголемуваат во раните училишни години, критичен период за воспоставување доживотни прехранбени навики. Неодамнешните податоци покажуваат дека 34 проценти од машките и 28,3 проценти од девојчињата на возраст од 7 до...

Началникот на Генералштабот во работна посета на Вооружените сили на САД

Армиска делегација предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска се наоѓа во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави. За време на престојот во САД, генералот Лафчиски во Пентагон во Вашингтон ќе оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони - соопшти Генералштабот. Во рамки на посетата, армиската делегација...

632 македонски државјани досега побарале евакуација, дел ќе се вратат со чартер летови, дел со владиниот авион

До овој момент, вкупно 632 македонски државјани се обратиле за информации и помош за евакуација од загрозените подрачја на Блискиот Исток. Најголем број пријави се евидентирани од граѓани кои се наоѓаат во Абу Даби, вкупно 447 лица, за кои во моментов се заокружуваат техничките и логистичките подготовки за нивно враќање со чартер летови. Во Израел бројот на македонски државјани што...

Централната банка има инструменти за справување со евентуални шокови, истакна вицегувернерката Митреска

Народна банка на Република Македонија будно ги следи случувањата поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да преземе соодветни мерки доколку се појават поизразени и подолготрајни последици врз домашната економија, посочи вицегувернерката Ана Митреска.  - Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали...

Еколошкиот криминал е меѓу најскапите, а најмалку гонет во регионот, истакна Хани

Еколошкиот криминал претставува еден од најголемите и најскапи облици на криминал во светот, но воедно и еден од најмалку гонетите, истакна директорот на Регионална антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на обука наменета за претставници на Секторот за заштита на природата и биодиверзитетот, фокусирана на процена на ризик од корупција, пренесе МИА. Повикајќи се на статистиката на Евроџаст, тој посочи дека...

Се одржа меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“

Свети Николе - градот на Свети Никола, единствениот град со име на светец во Република Македонија, минатата сабота повторно се претвори во раскошна сцена на која оживеа македонската историја. Годинашното издание на меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“, кој своите почетоци ги бележи уште во далечната 1973 година, уште еднаш докажа зошто оваа манифестација е стожер на културниот идентитет...

БДП порасна за 3,8% во четвртиот квартал од 2025 година

Економијата забележа раст во последниот квартал од минатата година. Според податоците на Државен завод за статистика, бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година е повисок за 3,8 проценти во споредба со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст е регистриран во секторот Градежништво, каде активноста е зголемена за 14,6 проценти. Раст е забележан и кај Стручните, научни и технички...