One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа

One Macedonia Telecommunications ДООЕЛ, членка на 4iG Групацијата, на Светскиот мобилен конгрес во Барселона (Mobile World Congress 2026) потпиша договор за испорака и услуги со Ericsson за развој на најнапредната гринфилд 5G самостојна (SA) мобилна мрежа во Северна Македонија. Договорот ја опфаќа испораката на опрема за Радио-пристапна мрежа (RAN) и за Основната мрежа (Core), вклучувајќи го и целиот релевантен софтвер,...

Уставниот суд пресече: Линеарното покачување на пензиите останува во сила

Уставниот суд одлучи да ја запре постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Со оваа одлука, законското решение останува дел од правниот поредок. Од Судот информираа дека предлогот за поинаква одлука не добил потребно мнозинство гласови, поради што...

ИРНА: Над 1.000 загинати од почетокот на американско-израелските напади врз Иран

Најмалку 1.045 лица, меѓу кои војници и цивили, загинале од почетокот на американско-израелската воена кампања против Иран, објави иранската новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на податоци од Фондацијата за прашања на мачениците и ветераните. Претходно, Иранската Црвена полумесечина соопшти дека бројот на загинати изнесува 787 лица, што укажува на растечки биланс на жртви во текот на конфликтот, пренесе МИА. Во меѓувреме,...

ОЈО Скопје отвори истрага за ширење омраза кон државата и националниот идентитет

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет против едно лице осомничено за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем, по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи. Според информациите од Обвинителството, осомничениот преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук објавувал содржини што поттикнувале...

Парламентот избра нови заменик-министри во одбраната и образованието

Собранието на денешната 90. седница ги избра Адмир Шабани за заменик-министер за одбрана и Дритон Сулејмани за заменик-министер за образование и наука. Одлуката беше донесена со 71 глас „за“ и 11 „против“. Образложувајќи ги кадровските предлози, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека изборот на новите заменик-министри претставува дел од поширок процес за јакнење на институционалниот систем и враќање на довербата кај...

Судењето за убиството на 79-годишната штипјанка продолжува на 18 март, обвинетиот негира вина

Во Основен суд Штип денеска започна судскиот процес против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Обвинетиот не се изјасни за виновен, а на прашањето од судечкиот судија Јулијана Недкова дали чувствува вина за делото што му се става на товар, Асанов категорично одговори: „апсолутно не“. Во воведниот збор, обвинителката од Основно јавно обвинителство Штип,...

Евростат регистрира пад на невработеноста во еврозоната и Европската Унија во јануари

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната во јануари изнесувала 6,1 процент, покажуваат најновите податоци објавени денеска од Евростат. Според анализата, ова ниво претставува намалување во однос на декември 2025 година, кога невработеноста изнесувала 6,2 проценти, како и во споредба со јануари минатата година, кога била евидентирана стапка од 6,3 проценти. Во рамки на Европската Унија, стапката на невработеност во јануари...

МНРиНТ започна јавна набавка за чартер-летови за евакуација од Блискиот Исток

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека е отпочната постапка за јавна набавка за организирање чартер-летови за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во зафатените региони на Блискиот Исток. За оваа намена се планирани средства во износ од 60 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството. -Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се...

Новиот закон за правична застапеност ќе биде на собраниска седница, стручноста пред сè, изјави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека турската заедница ја има неговата целосна поддршка и ги охрабри нејзините припадници да се пријавуваат на конкурси за работа во јавната администрација, нагласувајќи дека со новиот Закон за правична застапеност како прв критериум ќе се вреднуваат стручноста и компетентноста. Тој ова го истакна одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поврзано со застапеноста...

Дурмиши најави драстично зголемување на казните за трговците што не го почитуваат Законот

Казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговските практики ќе бидат зголемени десеткратно доколку трговците продолжат со непочитување на законските одредби. Врз основа на постојната регулатива, Комисијата за заштита на конкуренцијата досега изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување, а за нивните постапки во моментов се очекуваат судски одлуки, изјави денеска министерот за економија и труд...