БДП порасна за 3,8% во четвртиот квартал од 2025 година
Економијата забележа раст во последниот квартал од минатата година. Според податоците на Државен завод за статистика, бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година е повисок за 3,8 проценти во споредба со истиот период во 2024 година.
Најизразен пораст е регистриран во секторот Градежништво, каде активноста е зголемена за 14,6 проценти. Раст е забележан и кај Стручните, научни и технички...
Неочекувам напредок за „Дружба“, Украина се обидува да влијание врз изборите, истакна Сијарто
Шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека до априлските парламентарни избори во земјата не очекува разврска околу прекинот на испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Според него, доколку актуелната влада во Будимпешта добие нов мандат, Украина ќе биде принудена да постигне договор, бидејќи, како што оцени, Киев побрзо ќе се соочи со недостиг на средства отколку Унгарија...
Градинарите советуваат – што може да се засади во март
Март е клучниот месец за садење голем број видови цвеќиња и овошни дрвја, кои треба да се вкоренат пред потоплите денови. Вистински избор се пролетните луковици, отпорните сезонски цвеќиња и повеќето бобинки. Со соодветна подготовка на почвата и заштита од мраз, растенијата ќе се развиваат побрзо и ќе цветаат пообилно. Март е тој тивок премин помеѓу зимата и пролетта...
Стариот ритуал на „ќеифот“
Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (8)
Уште во 1657 година, Жан Тавено останал вчудовиден од сцените што ги затекнал во македонските чаршии. Тој бил фасциниран од тоа како луѓето пијат кафе, создавајќи околу себе аура на мир во зачадените простории. Овој ритуал, кој Тавено го пренел во Франција, бил многу повеќе од обично консумирање...
Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина, пишува „Политико“
Европските претставници стравуваат дека фокусот на САД врз конфликтот со Иран би можел да го намали вниманието и снабдувањето со оружје на Украина, отежнувајќи ја одбраната од руски напади, пишува „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток би можел да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за воздушна одбрана и други клучни ресурси.
Официјалните...
Тивки линии на поделба во Белата куќа
Редакциска опсервација
Дали има недоразбирања во кабинетот на Трамп во врска со новата американска интервенција во Иран
Одлуката на претседателот на САД да нареди воени удари врз Иран, донесена во кругот на најтесниот тим во Мар-а-Лаго, отвори некои прашања за кои мал дел од јавноста беше свесен дека постојат. Формално, администрацијата демонстрира единство и решителност, но распоредот на луѓето во...
Започна судски процес за бруталното убиство во Штип, обвинетиот негира вина
Во Основен суд Штип денеска започнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, кој се товари за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип. Тој пред судот изјавил дека не се чувствува виновен за делото.
Случајот датира од минатата година, кога по неколкудневна потрага по исчезнатата жена, дел од нејзиното тело беше откриен закопан во дворот од куќата на обвинетиот. Исчезнувањето првично го...
НЕПОЗНАТ, ПОЗНАТ СВЕТ (3)
Една зимска вечер
Еднолична ми е оваа вечер иако од осветлените прозорци на зградите сѐ уште треперат украсените елки. Како јануарскиот календар да се заморил од премногуте празници, па решил оваа вечер да си даде прездивка, кусо спласнување од човечката возбуда пред спокојната широчина на ѕвездениот свод. Устроените автомобили паркирани по тротоарите немаат намера да се помрднат до следното работно...
Предавање со кураторката Зденка Бадовинац во МСУ
„Колекција како алатка“ е предавање на Зденка Бадовинац, кураторка со меѓународен углед и иницијаторка на првата источноевропска уметничка колекција „Артист 2000+“ во „Модерна галерија“, Љубљана. Предавањето е закажано за денеска, во 19 часот, во Музеј на современата уметност – Скопјe, во рамките на меѓународната групна изложба „Истокот e сè уште можен“, на дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и...
Војната да не ја оседла глобалната економија
Економските експерти внимателно ги следат ефектите од воената состојба врз цените на енергентите
Домашните експерти укажуваат дека доколку значително пораснат цените на нафтените деривати, тоа ќе се одрази врз секој сегмент од светската економија и врз повеќето цени во малопродажбата, но додаваат дека треба да се види како ќе се одвива ситуацијата во следните денови
Воениот конфликт на Блискиот Исток,...







































