По 200 војници ослободени во нова размена меѓу Русија и Украина
Русија и Украина денеска извршија размена на воени заробеници, при што двете страни ослободија по 200 војници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека 200 руски војници биле вратени од територијата под контрола на украинските власти, додека во замена биле предадени 200 украински воени заробеници.
Според руското Министерство, ослободените руски војници моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што...
„Кој женски лик ве промени?“ – отворен книжевен настан по повод 8 Март
Отворен книжевен настан посветен на женските ликови од литературата и на жените што стојат зад создавањето книги ќе се одржи в сабота, на 7 март, со почеток во 12 часот, на платото пред книжарницата ,,Сакам книги" во Лептокарија.
Под мотото „Секоја жена има своја приказна“, разговорот ќе се фокусира на книжевните хероини што инспирираат, на авторките што создаваат силни приказни...
Први во Македонија: „Д-р Баткоски“ воведе плазма активација на импланти за побрзо заздравување
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид први во Македонија ја воведуваат иновативната технологија за таканаречена плазма активација на површината на имплантите. Станува збор за напредна постапка што му помага на организмот полесно да го прифати имплантот, кој хируршки се вградува во коската на местото каде што недостига заб. Иако имплантот има јасна цел да го замени забот, телото и...
Мицкоски вели дека безбедносната состојба е стабилна
Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на компанијара „Актив“ во Штип.
- Безбедносната состојба во државата е стабилна, мирна. До овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата. Ние имавме Совет за безбедност, кој го организираше претседателката врз основа на информациите коишто ги добивме и од службите, но и...
Собранието донесе измени на законите за градење и градежно земјиште без расправа
Собранието, денеска, на продолжение на 90. седница изгласа измени на Законот за градење и на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка. Законските измени беа донесени со 65 гласа „за“ без „против“ и „воздржани“, без расправа, откако претходно добија поддршка и од матичната собраниска комисија која констатираше дека не се поднесени амандмани.
Според Министерството за транспорт, со измените на Законот...
Мицкоски: Владините политики даваат резултати, економијата бележи раст
Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за три и пол проценти во просек. Во последните два квартала од 2025 година, реалниот бруто домашен производ порсна за 3,8 проценти, изјави денеска премиерот Мицкоски, додавајќи дека владините политики даваат резултати.
Според него, опозицијата често се исмева кога го зборува ова, но, како што нагласува, факт е дека...
Жените се сила на општеството и мерка за зрелоста на демократијата, рече Гаши на свечената седница за 8 Март
Претседателот на Собранието Африм Гаши на свечената седница по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената порача дека положбата и застапеноста на жените се важен показател за квалитетот на демократијата и за институционалната зрелост на едно општество.
Во обраќањето тој истакна дека историјата на човештвото не може да се замисли без улогата на жените, нагласувајќи дека тие се темел...
Орбан: Унгарија нема да дозволи да биде вовлечена во војна и ќе се бори против влезот на Украина во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека главна цел на Унгарија во наредните четири години е да избегне да биде вовлечена во војна, нагласувајќи дека државните средства треба да се трошат за унгарските граѓани, а не за Украина.
Како што пренесува Index.hu, Орбан посочил дека зачувувањето на евтината руска енергија е од клучно значење за економската конкурентност на земјата. Тој предупреди...
Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал сериозен ризик за здравјето на луѓето и за безбедноста. Како што информираше директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот во меѓувреме е безбедно отстранет и ќе биде извезен од државата, каде што ќе биде согорен во соодветни услови.
Станува збор за...
Иран ја предупреди Европа да не молчи за американско-израелските напади
Иран денеска предупреди дека европските земји ќе сносат последици доколку продолжат да молчат пред, како што ги нарече, американските и израелските напади и „кршењето на меѓународното право“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во интервју за шпанскиот канал RTVE – 24 Horas изјави дека ниедна држава не може да остане рамнодушна пред ваквите случувања.
- Оние кои ќе...







































