Мицкоски: Владините политики даваат резултати, економијата бележи раст
Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за три и пол проценти во просек. Во последните два квартала од 2025 година, реалниот бруто домашен производ порсна за 3,8 проценти, изјави денеска премиерот Мицкоски, додавајќи дека владините политики даваат резултати.
Според него, опозицијата често се исмева кога го зборува ова, но, како што нагласува, факт е дека...
Жените се сила на општеството и мерка за зрелоста на демократијата, рече Гаши на свечената седница за 8 Март
Претседателот на Собранието Африм Гаши на свечената седница по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената порача дека положбата и застапеноста на жените се важен показател за квалитетот на демократијата и за институционалната зрелост на едно општество.
Во обраќањето тој истакна дека историјата на човештвото не може да се замисли без улогата на жените, нагласувајќи дека тие се темел...
Орбан: Унгарија нема да дозволи да биде вовлечена во војна и ќе се бори против влезот на Украина во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека главна цел на Унгарија во наредните четири години е да избегне да биде вовлечена во војна, нагласувајќи дека државните средства треба да се трошат за унгарските граѓани, а не за Украина.
Како што пренесува Index.hu, Орбан посочил дека зачувувањето на евтината руска енергија е од клучно значење за економската конкурентност на земјата. Тој предупреди...
Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал сериозен ризик за здравјето на луѓето и за безбедноста. Како што информираше директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот во меѓувреме е безбедно отстранет и ќе биде извезен од државата, каде што ќе биде согорен во соодветни услови.
Станува збор за...
Иран ја предупреди Европа да не молчи за американско-израелските напади
Иран денеска предупреди дека европските земји ќе сносат последици доколку продолжат да молчат пред, како што ги нарече, американските и израелските напади и „кршењето на меѓународното право“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во интервју за шпанскиот канал RTVE – 24 Horas изјави дека ниедна држава не може да остане рамнодушна пред ваквите случувања.
- Оние кои ќе...
Младост УГД и Вардар ЕМ премиерно на Ф4 во Купот на ОФМ 2026
Одбојкарките на Младост УГД и Вардар ЕМ премиерно ќе настапат на еден финален турнир од Купот на ОФМ во женска конкуренција, откако двата тима испишаа клупска историја во четвртфиналната фаза.
Одбојкарките на Вардар ЕМ го приредија првото големо изненадување откако во првиот четвртфинален меч со 3:0 (25:23, 25:20, 27:25) го елиминираа ланскиот полуфиналист и повеќекратен освојувач на куп-пехарот Работнички Скопје....
Јованов немал забелешки на вработените во затворот во Куманово, туку за душекот на кој спие и честите претреси
Управата на затворот во Куманово писмено го известила Судот дека по разговор со првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“, тој изјавил дека нема забелешки за односот на службените лица, туку само за душекот на кој спие и за честите претреси. Ова беше соопштено денеска на главната расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“, пренесува МИА.
Судот информираше дека веднаш по...
Нотирам пораз на институционалната превенција и навремената акција, рече Силјановска Давкова во Собранието
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Собранието денеска се одржа седница посветена на темата „Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“. На седницата се обратија претседателката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, како и повеќе пратенички и пратеници.
Во своето обраќање, Силјановска-Давкова истакна дека годинашното одбележување на 8 Март се одвива во...
Обвинителството бара нови 48 часа притвор за Јовановски, се анализираат нови докази во истрагата за смртта
Основно јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за уште 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска, која заедно со нивната ќерка падна од шестиот кат од зграда во скопската општина Карпош.
Од Обвинителството информираа дека продолжувањето на притворот е побарано бидејќи во тек се повеќе истражни дејствија. Меѓу нив се постапување по наредби...
Судот одби спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
Судот денеска одлучи да не ги спои тековната судска постапка и новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Обвинителниот акт против полицајците беше поднесен на 30 јануари годинава.
Судијката Дијана Груевска-Илиевска образложи дека евентуалното спојување на предметите би довело до одолговлекување на постапките. Таа посочи дека, со оглед...







































