Нов импулс на билатералните односи Македонија-Турција

Повод: Договорот за проширување на билатералната соработка меѓу Македонија и Турција, како и стратегиското партнерство со Турција, како геополитичка и нова економска шанса за Македонија Новите иницијативи на Владата за продлабочување на соработката со Анкара даваат одговор на прашањето зошто Договорот за стратегиско партнерство од 2008 година со години остана недоволно операционализиран, иако Турција е еден од најконзистентните поддржувачи на...

Војната на Блискиот Исток ќе се реобликува во граѓанска, со тенденција за дисолуција/распад на Иран

Експертска анализа: Безбедносни аналитичари и поранешни воени разузнавачи со интересни сценарија за перспективите на Иран по американско-израелската воена кампања, надоврзани на нашиот вчерашен текст „Пет модели за крај на војната со Иран“ Нашите соговорници, безбедносни експерти и поранешни припадници на македонските безбедносно-разузнавачки служби, ќе се обидат за читателите на „Нова Македонија“ да ги аргументираат тезите дали постои реална можност, по...

Пакс Израелијана за преобликување на Блискиот Исток

Тандемот Трамп - Нетанјаху му става крај на едновековното западно туторство во регионот за да го наметне Израел како хегемонска сила Најмладата земја на Блискиот Исток е онаа што ги прецртува контурите на регионот. Израел сè уште формално не постоеше кога двајца дипломати - Британецот Марк Сајкс и Французинот Франсоа Жорж-Пико - скицираа мапа на влијание во мај 1916 година,...

Следуваат првиот спринт и трката за големата награда на Кина

ФОРМУЛА 1 Првиот спринт сезонава во Формула 1 и втората трка во шампионатот за годинава на програмата се денеска и утре, во Шангај (Кина). По вчерашните квалификации за спринтот, трката со скратен формат (100 км) е денеска (од 4 часот), потоа се квалификациите за гран-прито (8 ч.), а трката за големата награда на Кина е утре (8 часот). Првото гран-при...

Гилџес-Александер надмина рекорд на Чемберлен стар 63 години

НБА Кошаркарите на Оклахома минимално со 104-102 го победија Бостон во НБА-лигата и на тој начин стигнаа до седмиот триумф во низа и со тоа и понатаму го задржаа првото место во Западната конференција. Актуелниот шампион во неизвесна завршница ја обезбеди победата, но дуелот го обележи најдобриот кошаркар на Оклахома, Шај Гилџес Александер. Ланскиот најкорисен (МВП) играч на НБА-лигата уфрли 35...

Научнофантастичните ласерски оружја стануваат воена реалност

Patriot missile system
Аматерски снимки на кои се гледаат ракети како очигледно исчезнуваат во експлозии на искри над Либан беа споделени онлајн на 2 март, заедно со тврдења дека видеата ги прикажуваат резултатите од футуристичко израелско оружје за воздушна одбрана при акција во услови на тековниот конфликт на Блискиот Исток. Овие тврдења беа широко оспорени, но еден елемент од дискусијата се базира...

Во спортот никогаш нема гаранција

ИНТЕРВЈУ: ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ, ЕДИНСТВЕН МАКЕДОНСКИ УЧЕСНИК НА ЗПОИ ВО МИЛАНО КОРТИНА 2026 Условите во Олимпиското село се одлични, сместувањето е на високо ниво, изборот на храната добар, дружењето со колегите од другите репрезентации, особено од балканските држави, исто така одлично, вели Јовановски Алпскиот скијач Зоран Јовановски е првиот македонски параолимпиец во независна Македонија што ќе настапи на Зимски параолимписки игри (ЗПОИ),...

Војната ги разнесе идеолошките разлики помеѓу Иранците

Деструктивната војна и отпорноста на Исламската Република го менуваат јавното мислење во Иран Кога САД и Израел го нападнаа комплексот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, на 28 февруари, убивајќи го него и неколку члена на неговото семејство, Мандана (која како и другите интервјуирани користи псевдоним) веруваше дека ќе дојде до промена во државата, каква што не успеаја...

Донесени два нови ДУП-а за Калето и просторот кај Француските гробишта вели Герасимовски

Советот на Општина Центар на шестата седница донесе два нови детални урбанистички плана (ДУП) – за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“. Од општината информираат дека донесувањето на овие планови претставува усогласување со Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012–2022, а за првпат се носи...

Експлозија утрово оштети еврејско училиште во Амстердам

Експлозија утрово оштети еврејско училиште во Амстердам, при што е причинета мала материјална штета. Во инцидентот никој не е повреден. Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсем инцидентот го оцени како намерен напад врз еврејската заедница. - Ова е кукавички чин на агресија против еврејската заедница. Евреите во Амстердам се повеќе се соочуваат со антисемитизам. Тоа е неприфатливо- наведе Халсем. Безбедноста во синагогите...