УЈП: На 27 април е последниот ден за поднесување на ДДВ пријава и плаќање на ДДВ долгот

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. -Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од...

Приведени 14 лица, сузбиени организирани криминални групи за нелегална продажба на лекови и медицински помагала

zapleneti lekovi
Министерството за внатрешни работи информира дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е поднесена кривична пријава против 19 физички и шест правни лица, осомничени за повеќе кривични дела поврзани со организирана криминална мрежа за нелегална трговија со медицински производи. Меѓу пријавените се лица од Скопје и Битола, вклучително доктори вработени во јавни здравствени...

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор...

Парламентарната дипломатија е клучна за мирот, порача Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска Давкова порача дека парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста, особено во услови на засилени глобални предизвици. Обраќајќи се на Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива во Собранието, таа изрази загриженост за нарушената рамнотежа меѓу трите власти и ослабената контрола врз извршната власт. – Парламентите денес ја немаат улогата што треба да...

Дали е УКИМ гимназиски универзитет?

Пишува: Михаил Гаревски, директор на ИСОГКП Да не се лажеме, кога од универзитетскиот професор не се бара да истражува и да публикува, туку главно само да предава, тогаш таквиот универзитет по суштина станува гимназиски универзитет. Може да има долго постоење, тоги, сенат, комисии, и свечени говори, но ако не создава доволно ново знаење, тој ќе стане гимназија. Јас со години ја...

Апел од градоначалничката на Кисела Вода: Да не се политизира несреќата на градилиштето

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изрази длабоко жалење за трагичната несреќа на градилиште во општината, во која загина едно лице, а тројца работници беа повредени. Во општинското соопштение, таа упати сочувство до семејството на починатиот и им посака побрзо закрепнување на повредените, апелирајќи случајот да не се политизира. – Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не...

Се прават финални подготовки за матурата и се комплетираат тимовите, изјави Јаневска

Подготовките за спроведување на државната матура се во завршна фаза, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа посочи дека останува да се комплетира ангажманот на набљудувачите и тестаторите, по што ќе се пристапи кон реализација на матурата според ланскиот модел. – Очекуваме процесот да помине без проблеми. Минатата година матурантите постигнаа подобри резултати во споредба со претходно, а се...

Двојно државјанство да немаат ни претседателот ни министрите, а техничката влада не е вистински „техничка“, смета претседателката

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека измените на Законот за Владата кои се однесуваат на техничката влада ги смета за неуставни, како во моментот кога биле донесени, така и денес. Таа ја поддржува иницијативата за нивно укинување од следните избори, но нагласува дека за тоа е неопходен политички дијалог. – Во самиот закон стои дека техничката влада требало да функционира...

Средба Тошковски–Крисохоидис: потребен е заеднички одговор на новите безбедносни ризици

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека безбедносната реалност во регионот значително се променила, при што организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот сè почесто се испреплетуваат и функционираат како единствена хибридна закана. Како што соопшти МВР, Тошковски ова го истакнал на министерскиот состанок на Акаба процес, посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, кој се...

Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на несреќата во скопската општина Кисела Вода, каде при одрон на градилиште загина еден работник, а тројца се повредени. Обвинителот издал наредба за обдукција на починатиот, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од Обвинителството информираат дека во тек е истрага за причините за несреќата, како и...