Фото: Тимчо Муцунски/Фејсбук

Прашањето за уставните измени може да се стави на маса во оној момент кога ќе изградиме доверба преку јасни гаранции, барем некој минимален меѓусебен реципроцитет во делот на почитувањето на човековите права. Тоа е нашето очекување, на тоа работиме, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.

За централниот дневник на телевизија „Сител“, Муцунски рече дека кардиналните грешки направени од претходната влада не може да се решат преку ноќ, пренесува МИА.

Во однос на прашањето со Бугарија, додаде Муцунски, имаме идеи, има јасни позиции, кои се јавно артикулурани и се дел од изборна програма, која ја добила поддршката од граѓаните.

-Се согласувам дека огромно мнозинство на нашите граѓани сакаат полноправно членство во ЕУ, за тоа нема дилема, но исто така огромно мнозинство од нашите граѓани на анкетети се против промена на Уставот под овие услови – рече Муцунски.

Тој додаде дека пред две години претставниците на ЕУ имале став дека тоа се условите и оти нема промени, за да пред помалку од една година претседателот на Европскиот совет од Софија кажа дека на нашата држава треба да и се дадат дополнително гаранции, а белгискиот министер за надворешни работи пред неколку дена во Скопје изјави дека на државава треба да и се дадат дополнителни уверувања.

-Јас не велам дека не преку ноќ ќе ги промениме позициите, но исто така кога ние носиме една таква голема одлука треба да веруваме во одлуката што ја носиме. Ние во моментов не веруваме како Влада, тука не зборувам само паушална недоверба и тоа во пракса во гледаме…Не верувам дека доколку утре ги направиме уставните измени нема дополнително да се соочијме со некаква блокада, рече тој, нагласувајќи дека денеска изглегла информација за еден нонпејпр, за кој рече, дека според него е реактивен, но посочи дека гледа загрижувачки трендови кои доаѓаат од Софија, кој не се поврзани со владата сега – туку се плод на долгорочна стратегија.

– Никаде не сме ветиле дека преку ноќ ќе го решиме ова прашање. Вакви кардинални, епски грешки направени од нашите претходници не можеме преку ноќ да ги поправиме, но работиме и веруваме во овие позиции. Она што го гледаме е дека и граѓаните имаат доверба во начинот на кој ги поставуваме надворешно-политичките позиции на државата – рече Муцунски.

Вели дека веднаш штом се формира новата влада во Бугарија планира да оствари контакт и средба со неговиот бугарски колега/шка.

– На нас ни е императивно значајно да оствариме комуникација и да работиме на решение. Очекувам во текот на следната недела да бидам во неколкудневна посета на Бугарија заради одржување на министерска конференција за Коридорот 8. Ние и понудивме на Бугарија да бидеме коорганизатори, но без одговор, пуштија покана. Тоа според мене не е начинот на комуникација на кој треба да ги градиме односите пред се затоа што Коридирот 8 е една точка каде покажавме напредок. Наше е да бидеме позитивни, но таа позитивност да не е наивност – рече Муцунски.

Нагласи и дека го радува фактот што интерес да се затвори билатералниот спор со Бугарија и да почнеме преговори со ЕУ покажуваат голем број членки на Унијата.