Обединети во разединетоста?!

Потребно е со искрени намери и со заедничка цел и визија за иднината да се работи на обединување. За да се оствари тоа, а не да остане само декларативно искажано во честитките на државните празници. Само со обединети политички претставници, кои ќе ги надминат партиските поделби, можеме да ги оствариме националните интереси и цели, да се справиме со...

САД ги напуштаат меѓународно признатите дипломатски конвенции во потрага по сопствени интереси, рече Лавров

САД ги напуштаат меѓународно признатите дипломатски конвенции во потрага по сопствени интереси, особено во доминацијата на енергетските пазари, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за руската државна телевизија. Тој истакна дека со своите постапки во Латинска Америка и Блискиот Исток, Вашингтон го враќа светот „во ера кога немаше ништо“ - ниту меѓународно право ниту систем...

Авионче, фрли ми летки (лоботомија)

Планетата, нашиот заеднички дом, како да се претвори во кафез за птици. Притоа немам намера да ги навредам кутрите перјести суштества туку само сакам да ја позајмам познатата синтагма „пилешки ум“ со која, се чини, заслуживме да се споредуваме. Да, ние се претворивме во птици во различни кафези наречени држави што уништуваат луѓе. Парафрази што заслужуваат длабока обмисленост. Нашата...

Палестинците денеска гласаат на локалните избори, вклучително и во Појасот Газа

Палестинците денеска гласаат на локалните избори, вклучително и во Појасот Газа, први по две децении. Се очекува гласањето да го покаже расположението на палестинските територии во време кога израелската влада се обидува да го спречи секој обид за палестинска држава. Палестинската самоуправа со седиште на Западниот Брег се надева дека симболичното вклучување на градот Деир ал-Балах во Газа на изборите...

Нетанјаху откри дека бил лекуван од рак на простата во рана фаза

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека успешно бил лекуван од рак на простата во рана фаза, пренесува „Гардијан“. Во објава на социјалните мрежи, објавена заедно со неговиот годишен медицински извештај, Нетанјаху наведе дека за време на рутински преглед бил откриен малиген тумор во рана фаза. - Проблемот беше отстранет со таргетирана терапија и не остави никакви траги - истакна 76-годишниот премиер. Според...

Санчез: Шпанија останува во НАТО и покрај извештаите за можни американски мерки

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе остане членка на НАТО, по медиумските извештаи дека САД размислуваат за суспензија на нејзиното членство. - Шпанија е лојална членка на Алијансата која ги исполнува своите обврски, но во рамките на меѓународното право - изјави Санчез на Самитот на ЕУ на Кипар. Тој е еден од најгласните критичари во Европа на американско-израелската...

Иран бара директни разговори со САД, Кушнер и Виткоф утре одат во Пакистан, вели Ливит

Иран побара нова средба лице в лице со американската влада, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Керолин Ливит, додавајќи дека специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат во Пакистан. - Иранците му се обратија на претседателот и побараа разговор во живо. Затоа претседателот ги испраќа Стив Виткоф и Џаред Кушнер да слушнат...

Захарова вели дека новите санкции на ЕУ ќе предизвикаат енергетски и прехранбени последици, Москва ќе одговори

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека ограничувањата за енергенсите вклучени во новиот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија против Русија, ќе имаат тешки последици со оглед на актуелниот светски недостиг на енергетски ресурси, пренесува МИА. ЕУ вчера го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, откако Словачка и Унгарија го повлекоа...

Северноатлантскиот договор нема одредба со која може да се исклучи земја членка, велат од НАТО

Северноатлантскиот договор, со кој е формиран НАТО, воопшто не содржи одредба што предвидува можност за исклучување на земја-членка од организацијата, изјави претставник на Алијансата, јави „Би-би-си". Реакцијата доаѓа откако дел од западните медиуми објавија, повикувајќи се на интерен документ на Министерството за одбрана на САД, дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО...

Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, објави Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна

Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, покажува извештајот на Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна ГНАФЦ (GNAFC). Минатата година околу 266 милиони луѓе во 47 земји биле изложени на ризик од акутна несигурност во снабдувањето со храна, се наведува во најновите податоци објавени денеска. Во извештајот се истакнува дека десет земји се несразмерно погодени,...