Захарова вели дека новите санкции на ЕУ ќе предизвикаат енергетски и прехранбени последици, Москва ќе одговори
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека ограничувањата за енергенсите вклучени во новиот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија против Русија, ќе имаат тешки последици со оглед на актуелниот светски недостиг на енергетски ресурси, пренесува МИА.
ЕУ вчера го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, откако Словачка и Унгарија го повлекоа...
Северноатлантскиот договор нема одредба со која може да се исклучи земја членка, велат од НАТО
Северноатлантскиот договор, со кој е формиран НАТО, воопшто не содржи одредба што предвидува можност за исклучување на земја-членка од организацијата, изјави претставник на Алијансата, јави „Би-би-си".
Реакцијата доаѓа откако дел од западните медиуми објавија, повикувајќи се на интерен документ на Министерството за одбрана на САД, дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО...
Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, објави Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна
Бројот на луѓе кои страдаат од глад останува драматично висок во светот, покажува извештајот на Глобалната мрежа против кризи поврзани со храна ГНАФЦ (GNAFC).
Минатата година околу 266 милиони луѓе во 47 земји биле изложени на ризик од акутна несигурност во снабдувањето со храна, се наведува во најновите податоци објавени денеска.
Во извештајот се истакнува дека десет земји се несразмерно погодени,...
Италија и Германија ја поддржаа Шпанија по извештаите за можни мерки од САД во рамки на НАТО
Италија и Германија застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи дека САД разгледуваат можни мерки против Мадрид поради несогласувањата околу војната со Иран, објави „Ројтерс“.
Според агенцијата, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата, во интерен електронски документ на Пентагон се разгледуваат повеќе опции, меѓу кои и ограничување на улогата на Шпанија во рамките на НАТО, поради нејзиниот став за конфликтот.
Италијанската...
ЕУ е подготвена постепено да ги олесни санкциите кон Иран доколку се постигне сеопфатен договор
Европската унија е подготвена постепено да ги олесни санкциите кон Иран доколку се постигне сеопфатен договор, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на самитот на ЕУ во Никозија.
– Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот и никој не се противи на тоа – изјави Мерц.
Како што пренесува „Ројтерс“, оваа позиција е дел од пошироките напори на Унијата да...
УЈП: На 27 април е последниот ден за поднесување на ДДВ пријава и плаќање на ДДВ долгот
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026.
-Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од...
Приведени 14 лица, сузбиени организирани криминални групи за нелегална продажба на лекови и медицински помагала
Министерството за внатрешни работи информира дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е поднесена кривична пријава против 19 физички и шест правни лица, осомничени за повеќе кривични дела поврзани со организирана криминална мрежа за нелегална трговија со медицински производи.
Меѓу пријавените се лица од Скопје и Битола, вклучително доктори вработени во јавни здравствени...
Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“
Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката.
Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор...
Парламентарната дипломатија е клучна за мирот, порача Силјановска Давкова
Претседателката Гордана Силјановска Давкова порача дека парламентарната дипломатија има клучна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста, особено во услови на засилени глобални предизвици.
Обраќајќи се на Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива во Собранието, таа изрази загриженост за нарушената рамнотежа меѓу трите власти и ослабената контрола врз извршната власт.
– Парламентите денес ја немаат улогата што треба да...
Дали е УКИМ гимназиски универзитет?
Пишува: Михаил Гаревски, директор на ИСОГКП
Да не се лажеме, кога од универзитетскиот професор не се бара да истражува и да публикува, туку главно само да предава, тогаш таквиот универзитет по суштина станува гимназиски универзитет. Може да има долго постоење, тоги, сенат, комисии, и свечени говори, но ако не создава доволно ново знаење, тој ќе стане гимназија.
Јас со години ја...








































