Трамп: „Њујорк Тајмс“ користи „измислен извор“ во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини весникот „Њујорк Тајмс“ дека во еден негов напис се повикувал на „измислен извор“ во Белата куќа. Станува збор за текст во кој „Њујорк Тајмс“ цитира „претставник на Белата куќа, кој побарал анонимност“, кој рекол дека дури и да дојде до средба меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, таа нема да се одржи на...

Се скарал со родителите, па се прободел со нож во стомак

Во куќата сопственост на С.С. во Гостивар вчера околу 16 часот дошло до несогласување во семејството и во еден момент синот на сопственикот, Б.С. (40) со нож се прободел во делот на абдоменот. -Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје....

Експлозија на бомба-кашикара во семејна куќа во Куманово

Дваесет и шестгодишниот М.Ц. од Куманово рано изутрината во полиција пријавил дека додека спиел слушнал детонација на терасата од првиот кат од сејмената куќа, при што било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот.  МВР информира дека нема повредени лица. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Од местото биле подигнати фрагменти од бомба-кашикара за вештачење. Се преземаат мерки...

Приведена Албанка при претрес во угостителски објект

Албанската државјанка Л.М. (28) по полноќ била приведена во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка  по претрес извршен од полициски службеници од Полициската станица Тетово во угостителски објект во тетовското село Теарце, каде била вработена како пејачка. МВР информира дека при претресот во објектот, сопственост на Џ.М. од тетовското село Слатино, покрај албанската државјанка биле затекнати и четири државјанки на Република Македонија, кои, исто...

Младо момче пронајдено мртво во близина на бензинска пумпа

Тело на починато машко лице било пронајдено вчера околу 19 часот во нива во близина на бензинската пумпа „С – Петрол“ во Гостивар. Од МВР информираат дека увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за лицето И.А. (21) од село Вруток, гостиварско. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било...

„Газпром“ и Турција потпишаа протокол за изградба на копнената траса од „Турски поток“

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека потпишал протокол со Владата на Турција за изградба на копнената траса од гасоводот „Турски поток“. Во соопштението се посочува дека вчера потпишаниот протокол претставува основа за почеток на изградбата на копнената фаза од гасоводот на турска територија. Преку гасоводот „Турски поток“, кој се појави како алтернатива по пропаѓањето на проектот „Јужен поток“, треба да дистрибуира...

Турција продава град основан од македонскиот крал Филип Петти

Турција го нуди на продажба античкиот град Баргилија, кој се наоѓа на турскиот брег на Егејското Море, за сума од 6,6 милиони евра, објави лондонски „Телеграф“. Градот го основал античкиот македонски крал Филип Петти во 200 година пред новата ера, кога пристигнал на тоа подрачје враќајќи се од Критската војна. Во одлуката на Анкара за продажба на локалитетот се наведува дека...

Гонзалес: Кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес по поразот од Монпелје во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, изјави дека францускиот тим бил подобар во клучните моменти и дека грешките во нападот на „црвено-црните“ ги чинеле премногу. - Монпелје одиграа перфектен и фантастичен ракомет против нас. Цел меч ние правевме грешки, а кога грешиш во нападот, високо ја плаќаш сметката. Во второто...

Пожар во германскиот тематски парк „Европа“

Голем пожар избувна синоќа во познатиот темаксти парк „Европа“ во германскиот град Руст. Во пожарот изгореле неколку тематски содржини и едно складиште, но нема жртви или повредени лица. На пожарникарите им требале неколку часа за да го изгаснат огнот. Веднаш по избувнувањето на пожарот, сите посетители на паркот биле евакуирани. Се претпоставува дека во тоа време во комплексот имало околу 23.000 лица. Причините...

Почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Шестото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во Скопје. Петмина актуелни писатели од исто толку земји од Балканот ќе и бидат претставени на публика. Добитникот на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“, српската легенда Светислав Басара нема да биде во нивно друштво. Од здравствени причини тој не можеше да допатува во Скопје. За делата на Басара,...