Вардар поразен во неизвесната реприза на ланското финале

Ракометарите на Вардар го загубија мечот за третото место во Лигата на шампионите, на фајналфор-турнирот во Келн, против ПСЖ со 28-29. Дуелот беше реприза на ланското финале во натпреварувањето. „Црвено-црните“ беа подобриот тим и имаа водство во поголем дел од дуелот, одиграа подобро од вчера против Монпелје, но сепак потклекнаа на крајот и го завршија турнирот со два порази за...

Силна бура со 64.000 молњи во Британија ги поремети летовите

Најмалку 64 000 молњи се забележани во Британија за време на силната бура пропратена со грмотевици, а на лондонскиот аеродром „Станстед" дошло до преместување поради оштетување на системот за полнење на гориво во леталата, во кој удрил гром.  Небото над Велика Британија синоќа го осветлуваа молња, а во некои делови дојде и до поплави. Дел од домаќинствата  останаа без електрична...

„Етно вешта жена“ денеска во селото Чемерско

Таму каде што се вештите жени на Македонија секогаш има добра дружба, забава со богата културно уметничка програма и прекрасна храна. Така беше и денеска во кавадаречкото село Чемерско каде се собраа околу 500 вешти жени од 14 града од цела Македонија на манифестацијата „Етно вешта жена 2018“. Вештите жени од Берово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Велес,...

Иран: Немирите ги поттикнуваат САД, решително ќе реагираме

Иранските безбедносни сили „решително се спротивстават" на какви било немири, кои би можеле да бидат искористени од САД и другите ирански непријатели, изјави Голамхосеин Мохсени Еджел, портпарол на иранските судски власти. Неговата изјава уследи по бранот простести во Иран, чиј повод беа главно економски прашања. - Правните и безбедносните тела решително ќе се спротивстават на секоја група или поединец, кој сака да...

Даут Харадинај: Патот за Плав ќе се изгради, манастирот да не го попречува

Пратеникот на владејачката Алијанса за иднината на Косово, Даут Харадинај изјави дека патот од Дечани до Плав во Црна Гора ќе се изгради, без оглед на противењето на манастирот Дечани. Братот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај побара од свештенството на православниот манастир да не биде пречка за изградбата на патот, кој ќе го помогне развојот на регионот кој се поврзува...

Во судири во Јемен најмалку 150 лица загинаа

Најмалку 150 лица загинаа во жестоките судири меѓу провладините сили и шиитските бунтовници во Јемен во изминатите денови, соопштија денеска официјални претставници.  Владините сили се обидуваат да ги преземат од бунтовниците областите долж Западниот брег, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија ги гаѓаат позициите на бунтовниците во северозападна провинција Сада. Најмалку четири цивили загинаа, а десетици беа повредени во воздушниот...

Влакевски: Задоволен сум од настапот во Клуж

Македонскиот кугларски репрезентативец Бојан Влакевски, не успеа во борбата за еден од медалите на Светското поединечно првенство (СП) во Клуж, Романија, откако во четврт-финалето загуби од Германецот Мануел Вајс со 638-659 соборени кегли. Резултатот од 638 кегли, всушност беше и негов најслаб во четири настапи во Клуж. Пласманот меѓу осумте најдобри на светот е голем успех за Влакевски, посебно ако...

„Телеграф“: Британската влада тајно планира да остане во ЕУ

Британските евроскептици стравуваат дека владата во Лондон тајно планира да остане во Европската унија, пишува британскиот весник „Телеграф“. Таа загриженост се појави откако беше објавено дека се издвоени стотици илјади фунти за изборите за Европскиот парламент 2019 година.  Според наводите на весникот, во прашање се 829 000 фунти издвоени за „активности во врска со изборите за ЕП 2019“. Изборната комисија објаснува дека...

Јувентус се насочува кон Марсијал, по откажувањето на Мората

Јувентус ќе се насочи кон Антони Марсијал откако не успеа да постигне договор со напаѓачот на Челзи, Алваро Мората. Претставниците на италијанскиот шампион се сретнале со фудбалерот на тимот од Лондон и неговиот агент, но не постигнале договор. Финансиските барања на шпанскиот напаѓач се причината за раководството на „бјанконерите“ да погледне кон Манчестер Јунајтед и францускиот напаѓач. Торинското издание „Тутоспорт“ вели...

Нападнат таксист во Керамидница

Таксистот Љ.С. (37) од Скопје синоќа околу 1 часот  бил физички нападнат од три непознати лица на улицата „519 во скопската населба Керамидница. Како што информира МВР, Љ.С. добил дојава да земе патници од улицата „519“  и кога пристигнал ги прашал трите непознати лица дали се тие лицата што повикале такси по што бил физички нападнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на...