Сончево и топло време
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.
Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 16 степени, а максималната од 25 до...
Најкраткиот меѓународен лет трае осум минути
Осум минути - толку трае летот на најновата авио-линија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.
Линијата, која ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, ги поврзува Аруба, карипскиот остров под суверенитет на Холандија и градот Пунто Фихо во северниот дел на Венецуела.
Растојанието помеѓу двата аеродроми е само 80 километри, а „Аруба ерлајнс“ за оваа кратка линија го избра „бомбардиер...
Министерите на ЕУ утре ќе бидат брифирани за текот на преговорите за името
Македонија и напредокот во преговорите за името ќе бидат една од главните теми на утрешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Министрите за надворешни работи на ЕУ утре ќе се состанат за редовниот министерски совет, неколку недели пред јунскиот Самит на кој европските лидери треба да одлучуваат за препораката на Европската Комисија за старт на преговори со Македонија...
Прекин во снабдувањето со вода на дел од Гостивар
Гостиварското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ за утре најави повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење на дел од градското подрачје. Причината како што наведуваат од таму е санирање на дефект.
- Прекинот е заради изведување поправки на цевководот во близина железничката станица. Планирано е прекинот да трае до пладне, односно до оспособување на цевководот. Во овој период дел од...
Кина: Воените бродови на САД во Јужното Кинеско Море се провокација
Кинеското Министерството за одбрана денеска изјави дека е провокација тоа што две американски воени брода поминале блиску острови во Јужното Кинеско Море за кои Пекинг тврди дека и припаѓаат на Кина.
- Со оваа акција на САД, сериозно се нарушува суверенитетот на Кина, бидејќи воените бродови влегоа во кинеските територијални води без дозвола - се вели во соопштението.
Кинески бродови и авион беа...
Протест на АфД во Берлин и пораки против исламот
Неколку илјади приврзаници на германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) се собраа во центарот на Берлин во знак на протест против владата на канцеларката Ангела Меркел, а нивните противници се собраа на контра- митинг.
На почетокот на протестот, претставникот на АфД Беатрикс фон Шторх им рече на 2 000-те поддржувачи дека „владеењето на овој ислам во Германија е, едноставно, зло".
Поддржувачите...
Еден милениум од основањето на Охридската архиепископија
Свечена академија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, вечерва се одржува по повод одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија.
На Свечената академија по повод значајниот јубилеј е предвидено обраќања да имаат поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов како и премиерот Зоран Заев.
Свеченоста...
Лазаров не успеа да го круниса рекордот со трофеј
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите (ЛШ), откако неговиот Нант беше поразен од Монпелје со 26-32, во финалната пресметка помеѓу француските клубови на фајналфор-турнирот во Келн.
Лазаров постигна шест гола, со што се зацврсти на позицијата на најдобар стрелец на фајналфор-турнирите со вкупно 65 погодоци. За одличниот десен бек,...
На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека половина до еден час
Поради зголемена фреквенција на возила попладнево на граничните премини Богородица и Дојран, на македонско-грчката граница, за влез во држава се чека половина до еден час.
Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржување за влез и за излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Зголемен интензитет има на патните правци надвор...
Официјални претставници на САД во Северна Кореја разговараат за подготовките на самитот
Американски официјални претставници денеска отпатуваа во Северна Кореја за да започнат разговори за подготовките на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пишува „Вашингтон пост“.
А мериканскиот весник се повикува на неименуван извор, кој е запознат со настанот.
Истиот извор тврди дека поранешниот американски амбасадор во Јужна Кореја, Сунг Ким, пристигнал од Филипините, за да ги предводи подготовките







































