Во Брисел постигната рамка за компромис за името

Во Брисел вчера имало нова рунда преговори за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на која била договорена рамката за компримис во дводенецискиот спор, јави диписникот на МИА од Брисел. Тоа што вчера било договорено денеска експертите во Атина и Скопје ќе го прочистуваат како текст на рамката за компромис. -Имавме продуктивна средба,...

Овие знаци откриваат дека ви пречи глутенот

Иако чувствителноста на глутен се смета за модерен тренд, некои луѓе навистина страдаат од таков синдром, а лекарите ги наведоа основните симптоми. 1.Промена на расположение Освен што влијае на варењето на храната, глутенот влијае и на психата. Се поврзува со примена на расположението, анксиозноста, депресијата и хиперактивноста, а експертите велат дека овие симптоми ќе се ублажат едноставно со отфрлање на храна...

Почнува аплицирањето за субвенции за велосипеди во Карпош

Од денеска, 28 мај, е отворен вториот повик на Општина Карпош за аплицирање за субвенции за купување на нови велосипеди за карпошани. По првичниот јавен повик, во кој граѓаните на Карпош покажаа голема заинтересираност за акцијата, согласно одлуката на Советот на локалната самоуправа, беа одобрени дополнителни 360.000 денари од буџетот на Општината кои ќе бидат на располагање за оваа намена....

Херојски спасувачки подвиг на парискиот „спајдермен“

Мамаду Гасама стана познат како „спајдермен од Париз“, како што го нарече градоначалничката на главниот град на Франција, Ан Идалго, откако тој се искачи по фасадата на зграда, без дополнителна помош или опрема, за да спаси дете кое висеше од балкон на четвртиот кат. Видео-снимката од херојскиот подвиг на Гасама бргу ги обзема социјалните мрежи. https://www.youtube.com/watch?v=cBCurldzXBk

Почнува 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани

Со словенечката претстава „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ на Културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија, вечер ќе почне 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани под мотото „Уметноста е долга, животот е краток“. Ќе бидат изведени 16 аматерски претстави од исто толку ансамбли и една професионална, скопската хит комедија „Чао пријатно“ на театар „Чао пријатно“ која ќе биде изведена на затворањето...

Илјадници евакуирани во САД и Куба поради бурата Алберто

Илјадници жители на американската држава Флорида се евакуираа заради субтропската бура Алберто, кој се движи на север преку Мексиканскиот Залив. Метеоролозите предупредија дека бурата може да предизвика смртоносни поплави во јужните крајбрежни држави. Се очекува бурата Алберто денеска да стаса до северозападниот дел на Флорида, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Алберто е првата именувана атлантска бура за 2018 година,...

Продолжуваат чествувањата по повод илјада години постоење на Охридската архиепископија

Чествувањата по повод 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија продолжуваат денеска со Света архиерејска литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. Централниот настан по повод значајниот јубилеј се одржа синоќа во „Света Софија“, со Свечена академија на која присуствуваа поглаварот на...

Министрите на ЕУ на брифинг за текот на преговорите за името

Македонија и напредокот во преговорите за името ќе бидат една од главните теми на денешниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе се состанат за редовниот министерски совет, неколку недели пред јунскиот Самит на кој европските лидери треба да одлучуваат за препораката на Европската комисија за старт на преговори...

Пентагон: САД секојдневно спроведуваат операции во Јужното Море

Американски воени бродови редовно спроведуваат операции во Азиско-тихоокеанскиот регион, вклучувајќи го и во Јужното Кинеско Море, во согласност со меѓународното право и овие маневри ќе продолжат, соопшти Пентагон. - Силите на САД секојдневно спроведуваат операции во Азиско-тихоокеанскиот регион, вклучувајќи го и Јужното Кинеско Море. Сите операции се спроведуваат во согласност со меѓународното право и покажуваат дека САД можат да вршат...

Епидемија на птичји грип во Бугарија

Бугарската агенција за безбедност на храна соопшти денеска дека на фарма за патки во село на севроисток во државата е регистрирана епидемија на птичји грип. Околу фармата е поставена затштитна зона од околу три километри и властите почнале со уништување на живината. Тоа е втора епидемија на птичји грип во селото Стефаново од октомври кога таму беа уништени 10.000 патки. Засега...