Во Брисел вчера имало нова рунда преговори за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на која била договорена рамката за компримис во дводенецискиот спор, јави диписникот на МИА од Брисел.

Тоа што вчера било договорено денеска експертите во Атина и Скопје ќе го прочистуваат како текст на рамката за компромис.

-Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на  премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра. Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, изјави Димитров.

Шефот на македонската дипломатија утрово имаше неформален појадок со министри за надворешни работи на ЕУ или нивни заменици. Франција и Холандија биле најтврди во однос на почетокот на преговори, како што беше очекувано. Но, министерот смета дека “чуда се можни“.

-Убаво е да знаеме дека ова не е едноставно… Внатрешната консолидација во ЕУ е комплементарна а не спротивна на консилидацијата на Балканот, а доколку се случи овој историски пробив ќе биде шанса и за цела Европа да се создаде успех. Не сме во ситуација да имаме луксуз да пропуштаме историски шанси, изјави Димитров.