Мамаду Гасама стана познат како „спајдермен од Париз“, како што го нарече градоначалничката на главниот град на Франција, Ан Идалго, откако тој се искачи по фасадата на зграда, без дополнителна помош или опрема, за да спаси дете кое висеше од балкон на четвртиот кат. Видео-снимката од херојскиот подвиг на Гасама бргу ги обзема социјалните мрежи.