Ќе проработи ли годинава Градскиот базен во Штип

Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски понуди решение за активирање на Градскиот базен, во текот на летните горештини. Тој денеска изјави дека и покрај тоа што не е во ингеренции на општината, бидејќи претходната локална власт го продала базенот и земјиштето на приватен инвеститор, сепак, во интерес на граѓаните се бара начин да се пушти базенот, во кој секојдневно рекреираат млади...

Сесилија Малмстром: САД играат опасна игра

Не стивнува гневот во Европската Унија по најавата на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини врз увоз на алуминиум и челик од земјите членки на ЕУ. Еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром оцени дека САД со ваквата одлука „играат опасна игра“. - Ова е многу загрижувачка ситуација, нема да го користам терминот „трговска војна“ поради психолошкиот ефект, но ова...

Германија и Австрија ги зајакнаа граничните контроли

Германија и Австрија воведоа зајакната контрола на меѓусебната граница, како една од мерките за борба против криминалот и илегалната миграција. Како што јави ДПА, од денеска долж германско-австриската граница припадници на полициите на двете земји започнаа со заедничка контрола на граничните премини. Планирано е наскоро да се воведе и заедничка австриско-германска полициска контрола и на преминот „Бренер“ на границата меѓу Австрија...

За­се­га са­мо Карл­сен по­бе­ду­ва во Ста­ван­гер

Акту­ел­ни­от свет­ски пр­вак Маг­нус Карл­сен на го­ди­наш­ни­от си­лен ша­хов­ски тур­нир, кој во де­вет ко­ла се игра во нор­ве­шки­от град Ста­ван­гер, се чи­ни де­ка е во нај­до­бра форма. Во 3-то ко­ло, тој го по­бе­ди и искус­ни­от Ер­ме­нец Ле­вон Аро­ни­јан по 31 оди­гран потег и на на­чин својс­твен са­мо за Нор­ве­жа­не­цот. Ова е не­го­ва вто­ра по­бе­да по три изминати ко­ла, до­де­ка...

Скопјанец починал додека бил на бања

Постар скопјанец бил пронајден без знаци на живот во базенот во комплексот Негорски Бањи, информираат од полицијата. Настанот во полиција бил пријавен вчера од страна на доктор од Итна медицинска помош, кој пријавил дека во базенот во комплексот Негорски Бањи, имало машко лице, без знаци на живот и без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител излезено е...

Османи: Заштитата на домашните производители на челик станува владин приоритет

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се сретна со претставници на бизнис асоцијациите и производителите на челик, во пресрет на средбата со еврокомесарката за трговија Сесилија Малстром во Брисел. На средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, било разговарано за предизвиците што се отвораат по најновата одлука на САД...

Србија ќе ги подобрува малцинските права, меѓу кои и на Македонците

Владата на Србија усвои Предлог закон за измена и дополнување на законот за националните совети на национлните малцинства, меѓу кои е и македонското малцинство, кој што наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Како што информираа од кабинетот на српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ, целта на владата со тој закон е да се унапреди работата на...

Четиринаесетгодишно дете удрено од автомобил во Скопје

Четиринаесетгодишно дете се здобило со повреди, откако вчера било удрено од автомобил во Скопје, соопшти МВР. Несреќата се случила вчера во 22 часот на улица „Индира Ганди“. Патничко моторно возило „Опел Зафира“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Г. (38) од Скопје удрило во детето-пешак. По незгодата со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“,...

Ѓорческа обезбеди полуфинале на турнирот во Обидос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди полуфинале на ИТФ турнирот во Обидос, Португалија, откако нејзината противничка, Германката Лена Рефер го предаде мечот по 6:2, 4:1 во корист на нашата тенисерка. Ѓорческа направи по два брејка во двата сета пред Рефер да се откаже, со што македонската тенисерка си обезбеди дуел за пласман во финалето. Пред тоа, таа треба да ја совлада...

Груби: Опозицијата да ги поддржи реформите и решавањето на спорот со името

Пратеникот на ДУИ Артан Груби даде поддршка на Владата и на изборот на новите министри, но од собраниската седница исто така ја повика опозицијата да ја даде својата поддршка и да се приклучи во реформите и во решавањето на спорот со името.  По изборот, според Груби, оваа Влада настапила храбро и успеала да ја врати довербата на граѓаните во институциите,...