Заев: Не шпекулирајте за јазикот и идентитетот, тоа носи проблеми

Немојте да шпекулирате дека некој нешто прави во четири очи.  Зоран Заев секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Никола Димитров секогаш кога разговарал соопштувал во јавноста. Секој документ што е создаден на формален состанок стои во архивите, на МНР, во Влада, кај претседателот на државата, истакна премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница предупредувајќи ги пратениците од опозицијата дека со своите...

Насловната на Вог која наиде на безброј критики

Вог Арабија го одбрани својот став, во врска со јунската насловната страна на која е саудиската принцеза во автомобил, откако беа обвинети дека го игнорираат притисокот со кој се соочуваат активистките за заштита на правата на жените, пишува Би-Би-Си. На јунскиот број, на насловна страна е принцезата Хајфа Бинт Абдула Ал Сауд која седи зад волан во автомобил. Забраната за возење...

Ѓоковиќ се избори за осминафинале на „Ролан Гарос“

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото коло на „Ролан Гарос“, откако во маратонски натпревар по четири сета го совлада шпанскиот тенисер Робертo Баутиста Агут. Ѓоковиќ го одигра најтешкиот натпревар оваа сезона и по речиси четири часа игра победи со 6:4, 6:7, 7:6 и 6:2 по сетови. Првиот сет му припадна на српскиот тенисер, но вториот сет го доби...

Владата повикува на одговорно политичко однесување

Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, изјавија за МИА од Владата, како одговор во врска со коментарот на грчки владин претставник, кој изјавил дека „по се изгледа се оддалечува можноста за договор во следните денови за...

Албанија сé уште има деца кои „го изгубиле своето детство“

Меѓународниот ден на детето - 1 јуни, денеска беше одбележан во Албанија со детска парада, но и со протести. Парадата, во која учествуваа ученици, беше одржана на главниот булевар во Тирана, во ист момент кога претставници на многу граѓански организациии за заштита на децата протестираа против начинот на кој се третираат и образуваат децата. Албанскиот претседател Илир Мета во градината на...

Тенисерот Јотовски стигна до полуфинале во БиХ

Во денешниот мечот кој траеше 194 минути, македонскиот тенсиер Томислав Јотовски одигра неверојатено и стигна до полуфинале. Во четвртфиналето на фјучрсот во Кисељак, БиХ тој го победи Хрватот Дује Кекез со 2-1 во сетови и притоа спаси две меч топки во вториот сет при водство на ривалот од 5:4 во гемови. Вториот сет потоа го доби во тај брекот со...

Педро Санчез е новиот премиер на Шпанија

Шпанскиот крал Фелипе Шести попладнево го потпиша указот за именување на лидерот на Социјалистичка работничка партија  на  Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчез, за премиер на државата. Кралот претходно се сретна со  претседателка на Долниот дом на шапанскиот Парламент Ана Марија Пастор Хулијан, која го информирала за денешното изгласување недоверба на досегашната Влада на Маријано Рахој. За недоверба на малцинската Влада на Рахој гласаа 180 пратеници, додека 169...

Решен статусот на 594 полицајци-приправници и 565 кандидати за полицаец

Со денешното доставување на решенија за распределување на 594 полицајци приправници на работни места „полицаец“, како и со врачувањето и потпишувањето на договори за вработување како „полицаец-приправник“ на 565 кандидати за полициски службеници што успешно го минаа конкурсот и обуката за полициски службеник по огласот од март 2017 година, Министерството за внатрешни работи го заврши процесот на регулирање на...

Католичката црква во Минесота ќе плати 210 милиони отштета

Католичката надбискупија од Минеаполис соопшти дека ќе исплати 210 милиони долари отштета на 450 жртви на сексуално злоставување, што е втора по големина сума исплатена на жртвите на сексуално насилство извршено од страна на припадници на Римокатоличката црква во САД. Адвокатот на жртвите Џеф Андресон изјави дека средствата од оштетата ќе бидат поделени соодветно на секоја од жртвите. Најголемата отштета на...

Новата италијанска Влада положи заклетва

Членовите на новата италијанска Влада на премиерот Џузепе Конте денеска положија заклетва во претседателската палата Квиринале во Рим, со што во последен момент е избегнато распуштање на Парламентот избран пред три месеци и одржување на предвремени избори.  Конте, малку познат професор по приватно право, за премиерската функција беше предложен од страна на антисистемското Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската популистичка...