Шолц: Трговскиот конфликт со САД ќе ги забрза реформите во ЕУ

Несогласувањето на ЕУ со САД за прашањето за царините врз челик и алуминиум на средбата на Г-7 ќе ја засили политичката волја на државите членки за забрзуавње на реформите во сојузот, изјави германскиот минстер за финансии Олаф Шолц. – Имаше неколку проблеми дискутирани на средбата на Г-7 за кои немаше договор. Тоа е навистина невообичаено во историјата на Г-7- изјави...

Штрахе: Време е да се укинат санкциите спрема Русија

Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе оценува дека е време да се прекинат санкциите кон Русија. – Би било добро Европската унија да го промени ставот кон Русија бидејќи санкциите пред се нанесоа штета на австриската економија - изјави тој за виенски Естерајх. Штрахе потсети дека секогаш предупредува оти со санкции Русија оди кон Кина. – Крајно време е санкциите да се прекинат и...

Музичари од Индија, Франција и Италија вечер на ОФФест

На претпоследниот фестивалски ден на 17. ОФФест, вечер од 20 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе настапат триото „Бармер бојс“ од Индија и француско-италијанското дуо „Транс-Аеолиан трансмисион“. Тројцата музичари од „Бармер бојс“ ги продолжуваат вековните музички традиции на Манганиерите и се глобални амбасадори на современиот фолклор на Раџастан и суфи-музиката.  Групата е формирана во 2011 година за време...

Влезниците за натпреварот меѓу Македонија и Романија се пуштени во продажба

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за претстојниот натпревар против Романија во баражот за Светското првенство. Македонската ракометна репрезентација на десетти јуни од 20:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочи со Романците, а поради значајноста на натпреварот се очекува ракометарите да добијат што поголема поддршка од трибините. Влезниците имаат цени од 100 денари (горни...

Кина: Ако САД воведат трговски санкции договорите веќе нема да важат

Доколку САД  воведат трговски санкции за Кина, вклучително и зголемени царини за челик и за алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете држави нема веќе да важи, соопшти официјален Пекинг. Соопштението е објавено по разговори на кинескиот вицепремиер Ли Хе и американскиот министер за трговија Вилбур Рос. Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен и конкретен напредок“, но засега нема...

Израел изврши втор ракетен удар врз цели на Хамас во Појасот Газа

Израелските ВВС денеска извршија втор ракетен удар во Појасот Газа како одговор на напад од палестинска територија. – Израелски воени авиони уништија пет цели во Појасот Газа каде се припадници на Хамас. Тоа е втор напад врз Хамас, организација одговорна за сите напади од Појасот Газа, насочени врз Израел и неговото население - соопштија израелските ВВС. Според нив, нападот е одговор...

Од жештините пукаат автопатите во Германија

Делови од германски бетонски автопатишта се со пукнатини поради неколкуте денови високи температури. Без инвестиции малку е веројатно тие патишта да издржат влијание на глобалното загревање, објавија германски медиуми. Бранот жештини изминатите неколку денови во делови од Германија со температури над 30 степени Целзиусови, предивика пукнатини и подигнување на делови од површината на автопатишта. Затвоени се три ленти од авто-патот А-1...

Заев и Ципрас бараат решение, без поддршка од опозицијата

За преговорите и договорот околу името меѓу Македонија и Грција има одредени технички проблеми кои треба да се решат меѓу двете страни. Штом тие ќе се остранат ќе се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави вчера премиерот Зоран Заев.  - Знаете јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам детали. Верувам дека ќе го...

Уште неколку денови за да се избегне трговска војна

САД  имаат само неколку  дена да избегнат трговска војна со своите сојузници и на Вашингтон е да направи потег со цел деескалација на тензиите што се појавија по воведувањето американски царини за увоз на челик и на алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико, изјави францускиот министер за  економија Бруно ле Мер. По состанокот со министрите за финансии на Г7 во...

Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со засилен ветер и услови за појава на град. Утринската температура ќе се движи од осум до 16 степени, а дневната од 21 до 31 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и...