Шварценегер се вклучи во борбата против загадувањето со пластика
Актерот и политичар Арнолд Шварценегер се вклучи во глобалната инцијатива на Обединетите нации (ОН) за борба против загадувањето со пластика.
Иницијативата „Победи го пластичното загадување“ ќе се одвива под мотото „Ако не можеш повторно да го употребиш, одбиј го!“, ОН ја промовираше по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, кој се одбележува на петти јуни.
Во проектот се апелира...
Ердоган: Изборите во Турција ќе завршат во првиот круг
Изборите во Турција несомнено ќе завршат во првиот круг, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Нема никаков проблем во однос на поддршката која ја уживаме според анкетите за јавно мислење. Јасно е дека изборите ќе завршат во првиот круг, изјави Ердоган во интервју за турската телевизија Стар.
Турскиот претседател, исто така, рече дека народот на Турција му е верен, и...
Јапонија и Јужна Кореја со различни ставови за Северна Кореја
Сингапурскиот безбедносен форум во Азиско-пацифичкиот регион ги изнесе на виделите различните ставови на Јапонија и Јужна Кореја во односот кон Северна Кореја.
Во својот говор на форумот „Дијалог Шангри Ла“, јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера предупреди дека е важно Северна Кореја да не биде наградена само поради тоа што се согласила на дијалог.
- Неопходно е Пјонгјанг да преземе конкретни...
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на името
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија.
- Од ова појасен став нема. Историјата ќе суди кој бил во право. Ова е историски период за сите нас, крстосница на која се наоѓаме во нашето битисување и во нашата историја, се решава...
Партијата на Марин Ле Пен го менува името
Претседателката на франскуската крајно-десничарска партија Марин Ле Пен соопшти дека партијата Национален фронт, која нејзиниот татко ја формираше пред 50 години, отсега ќе се вика „Национален собир“.
Таа уште на партискиот Конгрес во март најави промена на името, а од членовите на партијата побара по меил да гласаат за предложеното ново име.
Жан-Мари Ле Пен (89), основач на партијата и татко...
Мицкоски побара предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, на вечерашниот митинг пред Владата, под мотото „Македонија ќе победи.
Тој побара еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК на предлог на опозицијата, формирање техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-тата кога, како што кажа СДСМ и...
Десет минути дожд, поплава во Кичево
За граѓаните на Кичево, се чини, врнежите од дожд претставуваат најголема непријатност, бидејќи и при најмали врнежи, улиците се претвораат во мали реки, а сообраќајот тешко се одвива. Најголем проблем имаат пешаците кои со големо внимание поминуваат по тротоарите, од страв да не бидат натопени и испрскани од калливата вода од коловозите.
Проблемот лежи во немањето атмосферска канализација на повеќето градски...
Руски пилот пронајден жив, откако беше исчезнат три децении
Советски пилот, чиј авион бил соборен во Авганистан во 1987 година, е пронајден жив и здрав и сака да се врати во својата родна земја, соопшти руската војска.
Шефот на руските падобранци Валериј Востротин го оцени како исклучително зачудувачки дека пилотот преживеал и е жив денес.
- Авионот бил соборен во 1987 година, а пилотот сега веројатно има најмалку 60 години....
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти идните чекори пред Владата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува митинг пред Владата на Република Македонија, под мотото „Македонија ќе победи“.
Ова е прв митинг што го организира ВМРО-ДПМНЕ предводена од новото раководство и претседателот Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните членови и симпатизери на партијата.
Според најавите, од собирот на опозициската партија ќе бидат упатени критики за политиките на актуелната власт, а се очекува...
Протести во Аргентина против економската политика
Десетици илјади Аргентинци протестираа во Буенос Аирес и во други градови низ целата земја поради економската политика на владата. Протестот, наречен „Сојузен марш", почна пред четири дена во различни делови на земјата, а заврши синоќа во главниот град.
Демонстрантите бараат закони кои гарантираат храна, земјиште и инфраструктура за сиромашните слоеви на населението.
Куповната моќ на граѓаните во Аргентина продолжува да паѓа,...







































