Израелските ВВС денеска извршија втор ракетен удар во Појасот Газа како одговор на напад од палестинска територија.

– Израелски воени авиони уништија пет цели во Појасот Газа каде се припадници на Хамас. Тоа е втор напад врз Хамас, организација одговорна за сите напади од Појасот Газа, насочени врз Израел и неговото население – соопштија израелските ВВС.

Според нив, нападот е одговор на ракетирање од Појасот Газа врз Израел извршено ноќеска.