Фото: МНР на Бугарија

Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев, на редовниот брифинг изјави дека е очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во земјава.

– Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот – нагласи Коџабашев.

Оттаму, Коџабашев го повика народот во Благоевград да реагира мирно и да не подлегнува на провокации, јавува дописникот на МИА од Софија. На отворањето на културниот клуб ќе присуствуваат две македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и Левица. ВМРО – Бугарско национално движење подготвува протест.