Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимател работел и снимал со камера.

-Полициски службеници на СВРТетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска” во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи. Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово – информираше Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок на приведениот 31 годишник.