Фото: З.А.

Утринава нешто по 5 часот, се случи сообраќајка во центарот на Кичево. Возач, најверојатно возејќи со неприлагодена брзина, загубил контрола над возилото и од силината на ударот откината е електрична светилка, откорнат е столб од рекламно пано и турната е дел од оградата од мостот на Сушица, каде застанало возилото.

Жителите од соседните згради посочуваат дека слушнале силен тресок, но не биле сигурни дека дошло до сообраќајка. ееЧесто се случува електрични столбови да страдаат од слични сообраќајни незгодите.

Со повеќе детали за настанот ќе информира МВР. З.А.