Фото: Пекселс

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајка што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци, потврдија за МИА од неготинскиот Здравствен дом.

Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.

Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.

Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила. Како што појаснија од Обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Две лица биле неповредени во третото возило.

– Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу што и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата – додадоа од oбвинителството.