На 28.01.2019 година во 14.15 часот во СВР Скопје, вработен во затворската полиција пријавил обид за бегство на затвореник, информира МВР.

-Според пријавата, во 11.00 часот затвореникот Е.К.(33) од Скопје, кој во КПУ „Идризово“ е на издржување казна затвор од 10 години и 6 месеци, за укажување на медицински третман бил донесен со четири затворски полицајци во Завод за рехабилитација на улица „Козара“, каде се задржале до 13.30 часот. По излегување од ординацијата, Е.К. се дал во бегство, но бил фатен од страна на затворските полицајци, кои испукале и два предупредувачки куршуми во воздух- се наведува во соопштението на МВР.

Потоа Е.К. бил спроведен до Арестанско одделение во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.