Фото: Фејсбук/ Пожарна СКопје

Специјалци спречиле млада девојка во намерата да скокне од петтиот кат од зграда во скопската населба Карпош, пренесуваат повеќе медиуми.

Во спасувачката акција, тие се спуштиле со јажиња од горниот кат и ја затвориле терасата од станот каде што била девојката.

Случајот во противпожарна единица го пријавиле соседите околу 12.30 часот.

Припадници на противпожарната единица поставиле безбедносен душек пред зградата по доаѓањето на местото на настанот, но акцијата потоа ја презела интервентната полиција и успеала да ја спаси девојката.