Камион прегази 58-годишен пешак синоќа кај Оровничка плажа на регионалниот пат Охрид – Струга.

Според информациите, товарно возило „ман“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од с.Оровник, општина Дебарца, удрило во пешакот Б.С.(58) од Скопје, кој починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал од лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.