На патот Штип-Кочани, кај населбата Три Чешми, рано утрово полициски службеници пронашле 78 мигранти во камион „ивеко“ со скопска регистрација.

Каминот го управувал 46-годишник од Велес, а заедно со него патувал и 32-годишен велешанец. Возачот не застанал на даден знак од полицијата, но набрзо потоа возилото било сопрено.

Во него биле пронајдени 78 мигранти од кои 41 од Пакистан, 26 од Авганистан, пет од Сирија, четири од Египет и две лица од Турција.

Двајцата велешани се уапсени и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.