Вчера околу 14:35 часот во Куманово, на улицата „Ѓорче Петров“ пред крстосница со улицата „Михајло Пупин“, возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М. Д. (60) од Куманово удрило во пешакот Ѓ.С.(70) од Куманово.

По незгодата повредениот бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.