Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег на повисоките места и на планините, а услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. И во делови од Скопската котлина повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.