Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1, Неготино-1.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.903, активни 812
• Куманово 1.472, активни 379
• Дебар 252, активни 84
• Штип 1.134, активни 132
• Прилеп 463, активни 111
• Тетово 1.211, активни 164
• Струга 562, активни 60
• Велес 270, активни 29
• Битола 203, активни 39
• Охрид 337, активни 34
• Кавадарци 182, активни 76
• Гостивар 791, активни 236
• Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 19
• Крива Паланка 47, активни 18
• Радовиш 42, активни 6
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 145, активни 27
• Пробиштип 80, активни 13
• Демир Хисар 60, активни 16
• Македонски Брод 71, активни 16
• Пехчево 18, активни 12
• Берово 58, активни 49
• Валандово 9, активни 2
• Виница 71, активни 33
• Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 4
• Свети Николе 288, активни 53
• Кичево 269, активни 65
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 450 теста се преку: ИЈЗ-53 , ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-52, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина со ПЦР метода -143, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-16, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 104
• Гази Баба – 99
• Аеродром – 99
• Карпош – 85
• Центар – 76
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 50
• Бутел – 58
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 26
• Сарај – 25
• Арачиново – 15
• Илинден – 14
• Сопиште – 5
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 3
• Странец – 8