„Арт Базел“ го основаа тројца галеристи во 1970 година во швајцарскиот град Базел и низ децениите стана најголем и најпрестижен светски интернационален саем на уметноста. Неговиот водечки настан, што се одвива во јуни во Базел, а кој лани привлече 93.000 посетители, стана средиште на европскиот летен календар на пазарот на уметноста

Џејмс Мардок, син на милијардерот и медиумски моќник Руперт Мардок, е подготвен да преземе значаен удел во М.Ц.Х. груп, швајцарска компанија што е во сопственост на саемите за уметност „Арт Базел“. Инвестициите на Мардоковата компанија, „Лупа системс“, ќе помогне во трансформација на компанијата со тоа што фокусот на работење на традиционалните настани ќе се префрли на „платформите и заедниците ориентирани кон иднината“, како што стои во изјава на компанијата М.Ц.Х. груп.
Овие активности беа одобрени на состанокот од 3 август така што наредно треба да се одредат чекорите по кои компанијата на Мардок ќе стане сопственик на една третина од акциите на М.Ц.Х. груп.
„Арт Базел“ го основаа тројца галеристи во 1970 година во швајцарскиот град Базел и низ децениите стана најголем и најпрестижен светски интернационален саем на уметноста. Неговиот водечки настан, што се одвива во јуни во Базел, а кој лани привлече 93.000 посетители, стана средиште на европскиот летен календар на пазарот на уметноста. „Арт Базел Хонгконг“, кој инаку се одржува во март, им овозможува на западните трговци значајно да го прошират пазарот на современата уметност во Азија. „Арт Базел Мајами“, пак, стекна репутација поради привлекувањето американски колекционери и дела на новите популарни уметници.

М.Ц.Х. груп се соочи со тешка година. Годинашните изданија на „Арт Базел“ како и наредното за 2021 година се откажани поради пандемијата и отсуството на клучните излагачи. Пандемијата на коронавирусот доведе до откажување на саемите во Хонгконг и Швајцарија, но обезбедени беа онлајн настани. Што ќе се случува со „Арт Базел Мајами“, закажан за декември, останува да видиме.
Предвидената загуба од продажба за оваа година изнесува од 138 до 180 милиони долари, а податоците се наоѓаат во годишниот извештај на компанијата за 2019 година, кој е објавен во март.

Во изјава на компанијата М.Ц.Х. груп стои дека на акционерите ќе им се предложи „сеопфатен сет мерки“ за да реструктурираат дел од своите долгови, што подразбира и финансиска инјекција во износ од 111 милиони долари, поголем дел од компанијата на Мардок.
Акционерите од јавниот сектор прифатија Мардоковата приватна компанија „Лупа системс“ да стане најголем акционер што, според Марк Шпигел директор на „Арт Базел“, ќе доведе до финансиска стабилност во иднина. Тој ги пофали и стручноста и вмрежувањето на „Лупа системс“ во технологијата, дигитализацијата и широката културна сфера.
Мардок е и член на одборот на „Диа арт фондацијата“ во Њујорк и поранешен директор на аукциската куќа „Сотби“.