Полицијата синоќа за еден час привела 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на подрaчјето на Полициската станица Бит Пазар од 19 до 20 часот приведени се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со ковид-19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот – се наведува во соопштението на МВР.