По едномесечна борба со коронавирусот во Хонгконг тамошните власти се уверени дека вирусот е ставен под контрола, но сега стравуваат од можно враќање на заразата преку луѓето кои доаѓаат од странство, пренесуваат светските медиуми.

И покрај тоа што Хонгконг има седум милиони жители, досега се регистрирани нешто помалку од 170 заразени и четири смртни случаи. Тоа е изненадувачки, особено бидејќи Хонгконг се граничи со Кина откаде што коронавирусот почна да се шири.

Поради таа причина Хонгконг воведе нова мерка, според која странските државјани мораат да бидат 14 дена во домашен карантин.

Коронавирусот започна да се шири на почетокот на годинава и се претвори во пандемија. Во светот досега се регистрирани се повеќе од 200 илјади заразени и повеќе од осум илјади починати лица.