Фото: Пиксабеј

Фактите укажуваат на зголемување на бројот на пациенти и заразени со новата варијанта на ковид-19 – JN.1, која ги загрижува експертите, пренесува порталот „Медскејп“ (Medscape).

Според податоците на Центарот за превенција и контрола на болести на САД, речиси 10.000 пациенти биле хоспитализирани поради ковид во седмицата што заврши на 25 ноември, а се истакнува дека тоа е зголемување од 10 отсто во однос на претходната недела. Неодамнешните истражувања покажуваат дека ажурираната вакцина против ковид-19 за сезоната 2023-2024 година делува и против најновата варијанта.

– Во Америка веќе започна бранот на новата омикронска подваријанта – JN.1, но може да се ублажи со бустер вакцина и други мерки што ги знаеме претходно – рече д-р Ерик Топол, професор и главен уредник на порталот.

Но, проблемот е што многу малку луѓе се вакцинирани досега, на пример, помалку од 16 проценти од возрасните во САД.

Затоа, инфектолозите и епидемиолозите сметаат дека е време Центарот за превенција и контрола на болести на САД да упати јавен повик за вакцинација со ажурирана вакцина пред да биде предоцна, односно додека антителата сè уште можат да „проработат“ пред почетокот на празничните собири.

Доктор Рајендрам Рајнарајанан, помошник декан за истражување и вонреден професор на Технолошкиот институт во Њујорк при Државниот универзитет во Арканзас рече дека во моментов ЈН.1 почесто се пријавува во Европа, но исто така треба да се земе предвид дека некои земји ги ажурираат податоците подобро од другите.

– Тој смета дека оваа подваријанта досега „веројатно се проширила во сите земји чии здравствени власти го следат ширењето на ковид“, поради мутации во протеинот на шилецот што го олеснуваат неговото врзување и инфицирање – рече доктор Топол.