Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на смртни случаи во Европа се зголемил за 5 отсто минатата недела и дека Европа е единствениот регион во светот со зголемување на смртните случаи од Ковид-19.

Бројот на потврдени случаи на зараза е зголемен за 6 отсто на глобално ниво. Од 3,3 милиони нови случаи – 2,1 милиони се регистрирани во Европа. Ова е седма недела по ред како расте бројот на нови случаи на зараза со Ковид во 61 земја во европскиот регион, кој се протега од Русија до Централна Азија.

Во Норвешка, смртноста од Ковид се зголемила за 67 проценти

СЗО вчера соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус е стабилен или опаѓа насекаде во светот, освен во Европа. Бројот на новозаразени во Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија опаѓа од јули, пишува АП.

Во Европа, најголем број нови случаи е забележан во Русија, Германија и Обединетото Кралство. СЗО забележува дека смртноста од Ковид е зголемена за 67 отсто во Норвешка и за 38 отсто во Словачка.