„Сквид гејм“ во октомври официјално стана најгледана серија на „Нетфликс“ на сите времиња, а стримерот денес соопшти дека ги собори сите рекорди на гледаност и генерално стана нивна најгледана содржина досега.

Стриминг-гигантот ги објави податоците на новоотворената веб-страница која ги прикажува неговите најпопуларни серии и филмови на глобално ниво и во повеќе од 90 земји.

„Првата сезона од Сквид гејм имаше 1,6 милијарди часови гледани во првите 28 дена од објавувањето и помина девет недели на листата 10 најдобри серии на Нетфликс. Само минатата недела собра 42.790.000 гледани часови во светски рамки.“

На второ место е филмот Red Notice („Црвено известување“) со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс во главните улоги, кој е прегледан 148,7 милиони часа на глобално ниво откако дебитираше на 12 ноември на „Нетфликс“.

Најпопуларна серија минатата недела беше третата сезона на серијата Narcos: Mexico со 50,3 милиони гледани часови.

Секој вторник, „Нетфликс“ќе ја ажурира страницата Top10 on Netflix со најдобрите 10 серии и филмови на стриминг-услугата.