Италијанските воени камиони изнесоа 75 мртовечки ковчези од Бергамо, откако пред три дена изнеоа 65, бидејќи крематориумот на градските гробишта не може да ги кремира сите починати од коронавирусот, пренесува хрватски „Вечерњи лист“.

Вчера во Бергамо починале 48 лица, а денес веќе 21 лице. Конвојот од воени камиони ги носи телата на кремирање, а урните со пепелта ќе бидат вратени во Бергамо на семејствата на починатите.

Болницата „Папа Џовани“ за неколку недели го претвори својот оддел за интезивна нега за најголем од тој вид во Европа, но и тој не е доволен за да ги прими сите болни. Пациенти се префлаат во други болници и во други градови.

Градоначалникот на Бергамо Џорџо Гори заедно со градоначалниците на другите градови во областа Ломбардија, која е најпогодена од коронавирусот, бараат од владата на Џузепе Конте порестритивни мерки од веќе воведените утринава.