Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска со писмо до Еврокомесарот за кризен менаџмент Јанез Ленерчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита за Македонија.

– Сега засега мерките кои ги презема Владата во справување со пандемијата ковид-19 даваат ефикасни резултати, но со оглед на растечкиот број на заболени во земјата, во периодот што претстои, земјата ќе има потреба за дополнителни медицински средства, материјали и опрема за соодветна теренски активности, за кои сметаме на помошта до механизмот за цивилна заштита на ЕУ – стои во писмото.

Македонија е членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, од каде и претходно, во 2016 година, користеше помош за време на поплавите во скопскиот регион.