Фото: МВР

Полициски службеници од СВР Штип вчера лишиле од слобода 25-годишен жител на штипското село Долни Балван, откако бил затекнат како пали сува трева покрај магистралниот пат Штип – Кочани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу 12.30 часот, во селото Долни Балван бил приведен Б.С. (25) од Штип.

Според информациите од МВР, тој околу 12.00 часот бил затекнат како пали сува трева на потег меѓу пат и нива во сопственост на С.З. (36) од Штип, покрај магистралниот пат Штип – Кочани, во атарот на селото Долни Балван.

-Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина, сопственост на С.З. – се наведува во соопштението на МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.